Денес, 3
декември 2019 година, во нашето училиште се одбележа Меѓународниот ден на
лицата со попреченост, ден кога ја подигнуваме јавната свест истите да бидат
што повеќе вклучени во секој сегмент од општествениот живот.
Училишниот
дефектолог имаше работилници во III, IV и V одделение за
надминување на предрасудите и поголемо прифаќање на атипичните лица, со кои
изработи елки со пораки за истите.
Во училиштето се прочита пригоден реферат за
Меѓународниот ден на лицата со попреченост. Потоа во рамки на училишниот проект
„Убавините на различностите“ се промовираа креативните
изработки и збирката на лични творби „Убавините на различностите - различни сме
но сепак исти“ од учениците од VI до IX одделение. Секој присутен доби подарок збирка и
креативна изработка.
Одговорен: Дефектолог - Адријана Кукоска
Збирката можете да ја погледнете/превземете на училишната веб-страница или на следниот линк:
https://docs.google.com/viewer?a=v&pid=sites&srcid=ZGVmYXVsdGRvbWFpbnxyYWprb3ppbnppZm92fGd4OjRlNzgyOGY0MDg0YzBlNDU
Проект:
„Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“
Активност - „Родителот е наставник“
На 02.12.2019 год. согласно планираните
активности од Проектот за заедничка грижа
се реализираше активност во соработка со родител - изработка на
колачиња, а е во колерација со содржините по македонски јазик: обработка на лектирата „Шеќерна приказна“.
За таа цел родителката имаше желба да ја покаже својата
вештина во изработка на слатки задоволства, а ние таа желба ѝ ја овозможивме токму за овој час. Таа изработи превкусни
колачиња во форма на шеќерното дете и низа други најразлични колачиња кои беа преубави на изглед и вкус, а истовремено предизвикаа огромна радост и среќа на лицата
на учениците. Тоа беше мотивација плус за подобро да се реализира содржината на
лектирата и да остане засекогаш запаметена.
Уште еднаш упатуваме ОГРОМНА БЛАГОДАРНОСТ до мама Дани!!!
Одговорен наставник Елена Стојановска
Нема коментара:
Постави коментар