Стручните
соработници Весна Рафеска и Адријана Кукоска
и учениците од деветто одделение
реализираа мултикултирна работилница по повод престојните новогодишни празници.
Идејата беше преку украсувањето на новогодишната елка да се пренесат пораки
искажани на повеќе јазици: англиски, француски, германски, албански, турски,
ромски, бошњачки, италијански, чешки, руски. Најпрво
учениците создадоа пораки со кои посака здравје, мир, благосостојба во целиот
свет. Најголема желба на сите ученици е да нема повеќе насилство, да нема
гладни деца и да има еднаквост за сите. Пораките беа напишани на новогодишни
украси кои учениците рачно ги изработија.
Нема коментара:
Постави коментар