Интерен училишен проект „Убавините на различностите“
Анкета 1 Работилница 1
Во нашето училиште и во учебната 2019/2020 година се
реализира интерниот училишен проект ,,Убавините на различностите’’со учениците од VIII и IX одделение, со
идеа да се воспостават поквалитетни кооперативни односи помеѓу учениците со цел
да се надминат предрасудите и стереотипите за разликите помеѓу луѓето. Главни цели
на овој проект се: поддршка на учениците со различни можности, способности и различна
етничка припадност, подигнување на свеста кај учениците за прифаќање на различностите и надминување
на присутните предрасуди и стереотипи, формирање на Училишен центар за
почитување на различностите кој ќе делува во училиштето, ќе влијае врз
повеќе субјекти за зголемување на прагот на толеранција кон различностите и
намалување на присутните стереотипи. Проектот ќе се реализира во неколку чекори.
Денес - 08. 11.2019 г., со формираниот Училишен центар за
почитување на различностите се реализираше Анкета 1 и Работилница 1 за почитување на различностите и
надминување на стереотипите и предрасудите.
Координатор на проектoт: Дефектолог
- Адријана Кукоска
Нема коментара:
Постави коментар