На 14.11.2019 година (четврток), учениците од
шесто, седмо, осмо и деветто одделение присуствуваа на презентација „Отпадот
има вредност и не е за расфрлање“, која беше организирана од страна на стручно
лице од „Цементарница Усје“ и Центарот за климатски промени, во соработка со „Пакомак“.
Презентацијата имаше за цел да ги едуцира младите
генерации во однос на редуцирање, реупотреба, селектирање и рециклирање на
отпадот. Учениците се здобија со нови знаења во однос на начинот на уништување
на отпадот во нашата држава. Исто така им беше посочено на кој начин може да се
искористи потенцијалот и енергијата кои се содржани во отпадот кој завршува на
депониите. Учениците успешно и активно ја проследија презентацијата, со
ветување дека ќе продолжи праксата на селектирање и рециклирање која ја имаме
во нашето училиште.
Нема коментара:
Постави коментар