среда, 6. новембар 2019.

„ПРИКАЗНА ЗА ИНСТРУМЕНТИТЕ“



НА 05.11.2019 ГОДИНА ВО НАШЕТО УЧИЛИШТЕ СЕ РЕАЛИЗИРАШЕ ПРОЕКТОТ „ПРИКАЗНА ЗА ИНСТРУМЕНТИТЕ“ ЧИЈ ОРГАНИЗАТОР Е ЗДРУЖЕНИЕТО НА МУЗИЧКИ ПЕДАГОЗИ „ПОЛИХИМНИА“СКОПЈЕ,  А КОЈ СО ГОЛЕМ ИНТЕРЕС  ГО ПРОСЛЕДИЈА УЧЕНИЦИТЕ ОД 3 И 4 ОДД.
ПРОЕКТОТ ИМА ЗА ЦЕЛ ДА ГИ  ЗАПОЗНАЕ И ПРИБЛИЖИ МЛАДИТЕ ГЕНЕРАЦИИ ДО БОГАТСТВОТО И УБАВИНАТА НА КЛАСИЧНАТА МУЗИКА, ДА ИЗВРШИ ЕДУКАЦИЈА ЗА МУЗИЧКИТЕ ИНСТРУМЕНТИ, НИВНАТА ПРИМЕНА, НАЧИНОТ НА ПРОИЗВЕДУВАЊЕ НА ТОНОТ, ПРИМЕНАТА НА ИНСТРУМЕНТИТЕ ВО СЕКОЈДНЕВИЕТО НА ЧОВЕКОТ, ДА СЕ РАЗВИЕ ЉУБОВ ЗА ИЗУЧУВАЊЕ НА КЛАСИЧНИТЕ ИНСТРУМЕНТИ И ДА СЕ РАЗВИЈАТ ВО КВАЛИТЕТНИ СЛУШАТЕЛИ  И ПУБЛИКА.
„ПРИКАЗНАТА ЗА ИНСТРУМЕНТИТЕ“ Е ПРИКАЗНА ЗА ЧЕТИРИ ПРЕКРАСНИ ПРИНЦЕЗИ КОИ ПРЕТСТАВУВААТ ПО ЕДЕН ИНСТРУМЕНТ - НЕЈЗИНОТО ВИСОЧЕСТВО ФЛЕЈТАТА, ВИОЛИНАТА, ВИОЛОНЧЕЛОТО И НЕЈЗИНОТО ВИСОЧЕСТВО КРАЛИЦАТА ПИЈАНО. СЕКОЈА ОД НИВ ИЗВЕДУВА УБАВИ И НЕЖНИ, МЕКИ  И ТОПЛИ ТОНОВИ, РАЗЛЕВАЈЌИ ЈА МЕЛОДИЈАТА НИЗ ПРОСТОРОТ КАКО МАГИЈА. ПО КРАТКАТА МЕЛОДИЈА НА СЕКОЈА ОД НИВ СЛЕДИ ПРИКАЗНА ЗА НАСТАНОКОТ НА СЕКОЈ ИНСТРУМЕНТ, НЕГОВИОТ РАЗВОЈ ВО ТЕКОТ НА ГОДИНИТЕ И ПРИМЕНАТА ВО ДЕНЕШНАТА МУЗИКА, ЗА НА КРАЈОТ СИТЕ ИНСТРУМЕНТИ ЗАЕДНО ДА МУЗИЦИРААТ.
СЕКОЈ УЧЕНИК ИМАШЕ МОЖНОСТ ДА ГО ДОПРЕ ИНСТРУМЕНТОТ И ДА ПРОБА ДА ПРОИЗВЕДЕ ТОН. ТАКА СИТЕ ЗЕДНО ГО ЗАВРШИВМЕ ОВА ПРЕКРАСНО ДРУЖЕЊЕ СО ИНСТРУМЕНТИТЕ.

      ОДГОВОРНИ НАСТАВНИЦИ: ЕЛЕНА СТОЈАНОВСКА, ВЕСНА СТЕВАНОВСКА, ИЛИЕВА БИЛЈАНА


Нема коментара:

Постави коментар