понедељак, 11. новембар 2019.

Првенството во шах за млади на град Скопје



                    Ученици од нашето училиште ООУ „Рајко Жинзифов“ учествуваа на Првенството во шах за млади на град Скопје, кое беше одржано на 4 ноември 2019 година во организација на Детски културен центар Карпош.
        Турнирите се играа по швајцарски систем од девет кола, додека натпреварите ги водеа шаховски судии од Шаховската федерација на Македонија и Шаховскиот сојуз на град Скопје.
       Постигнатите резултати на учениците од ООУ „Рајко Жинзифов“  се следни:
во конкуренција на ученици од IV и V: Александар Стојчески освоено 6 место, а во конкуренција на ученици од VIII и IX: Петар Кировски освоено 10 место.
              Им честитаме на нашите ученици за храброста да учествуваат и секако за постигнатите солидни резултати оваа година, а воедно мм посакуваме и понатаму да продолжат со играње и натпреварување во шахот. Да се надеваме дека учеството на учениците од ООУ „Рајко Жинзифов“ на годишното првенство за шах за млади на град Скопје ќе прерасне во традиција.
                                                                         Одговорен наставник: Димитар Чоковски


Нема коментара:

Постави коментар