Во текот на
месец април 2019 година со учениците и наставниците од партнер училиштето се
реализираше долготрајната активност насловена како „Храната и уметноста“. Во
активноста беа вклучени ученици од прво и второ одделение и ги реализираа
следните работилници: „Боите на здравата храна“, „Храната - здрава уметност
создава“ и „Храната и уметноста“.
Целта на активноста
беше меѓусебно дружење и учениците да ги продлабочат своите компетенции кои се
потребни за живот во интегрирано мултиетничко општество во духот на меѓусебно
разбирање, мир, почитување на другите, прифаќање на различностите и право на
еднаквост на сите.
Координатор на проектот: Весна Рафеска
Нема коментара:
Постави коментар