петак, 12. април 2019.

ПОСЕТА НА ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА



Според календарот за планирани посети за учебната 2018/2019 година, активот на четврто одделение имаше предвидена посета на општината Кисела Вода. Во текот на овој масец по предметот општество ја изучуваме темата „Општина“ и со цел подобро разбирање на содржините и поимите кои се изучуваат во оваа тема, побаравме прием кај градоначалникот на општината. Нашето барање беше позитивно прифатено и добивме покана на 11. 04. 2019 (четврток), со нашите ученици да ја посетиме општината Кисела Вода.
            Во општината пристигнавме во 13.00 часот, се собравме во големата сала каде што најпрво се запознавме со градоначалникот на општината  господинот Филип Темелковски. Граданачалникот преку своето излагање ги запозна учениците со секторите во општината и нивните активности, како и со делови од неговата работа кои се од интерес на учениците. Потоа учениците имаа можност да поставуваат соодветни прашања, на кои одговар даваше градоначалникот. Дијалогот се водеше заинтересирано и релаксирано, при што се забележуваше задоволство кај сите ученици. Најголемо беше задоволството кога градоначалникот ги презентираше проблемите кои учениците ги имаа запишано на хамер, за што тој им вети дека хамерот ќе го закачи во својата канцеларија и ќе се труди што поскоро да се решат наведените проблеми од страна на учениците.
            Потоа учениците се запознаа со претседателот на Советот на општина Кисела Вода, господинот Дарио Шимиќ, кој исто така ги запозна со активностите на Советот на општината, нивниот број и начинот на одржување на нивните седници. Следеше посета на канцелариите на грдоначалникот и советот на општината, при што секретарот на општината Александар Алексовски разговараше со учениците и ги запозна со деталниот урбанистички план кој сега се изработува за дел од нашата општина.
             Исполнети со преубави доживувања и информации, нашата посета на општината заврши со желба за повторна средба. 


Нема коментара:

Постави коментар