Со
првите сончеви зраци и пристигнувањето на пролетта тимот кој се грижи за естеското уредување на училиштето осмисли креатривни идеи за разубавување на холот и
ходниците. Воедно беше даден акцент и на мотото по повод патрониот празник на
училиштето ,,Секогаш од почеток“. Наставниците заедно со учениците се погрижија
и изработија декоративни пролетни завеси
со цветни мотиви за во холот и ходниците,
се поставија уникатни слики во печат техника со пастел со апстрактни цветни
мотиви.
Одговорни
наставници: Виолета Николин, Мануела Маркоска, Горица Станкоска, Наташа
Петковскa
РОДИТЕЛОТ Е НАСТАВНИК
ПРОЕКТ: „Заедничка грижа за правилно насочување на
учениците“
Цел на проектот: зајакнување на врската, родител - ученик
- наставник, преку која ќе се овозможи јакнење на воспитната компонента во воспитно–образовниот
процес во основното образование.
АКТИВНОСТ : „РОДИТЕЛОТ Е НАСТАВНИК“ – ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДЕН
НА РОДИТЕЛИ – ПРЕДАВАЧИ, ОДНОСНО ПРЕДАВАЊА ОД СТРАНА НА РОДИТЕЛИ СТРУЧНИ ВО
ОДРЕДЕНА ОБЛАСТ .
Во рамките на горенаведената активност на 03.04.2019
година (четврток) на третиот час во 1-а одделение се реализираше наставен час
од страна на родителот Александра Лактински – дипломиран професор по ликовна
уметност и професор по предучилишно воспитание ,воспитувач во градинката „8
Март“.
Наставната единица носеше наслов „Компир печат“-
изработка на композиции во корелација на македонски јазик и математика.
Учениците имаа задача да изработат изучени букви со примена на компир печат
изработен со 2д форми.
Преку игра родителот ги мотивираше учениците за активно
следење на часот. При тоа тој вршеше и демонстрација за начинот на работа,
комуницираше со учениците по пат на прашањња и одговори, следеше , даваше
насоки и помагаше на учениците при работата.
Учениците успешно
ја применија техниката на печатење компир печат создавајќи креативни
изработки.
Следеше презентација на ликовните изработки и ликовна
изложба на истите.
Нема коментара:
Постави коментар