Со цел постигнување повисоки цели во воспитно-образовниот
процес секоја учебна година се планираат
и реализираат обуки согласно акциониот план за професионален развој. Согласно
акциониот план, а со цел подобрување на компетенцијата за Социјална и образовна
инклузија во јануари 2019 година беше
реализирана еднодневна обука на тема „Педагошка комуникација“.
Обуката се реализираше во нашето училиште, а реализатор
беше Здружение за професионална едукација, професионален развој и демократија
КОНТИНУУМ –Битола. Обуката ја следеа дваесетина наставника, стручни соработници
и директорот на училиштето. На обуката беа разработени следните теми:
-Теориски основи на педагошката коминикација;
-Интеракциско-комуникациски односи на учењето и
поучувањето:
-Знаци и значење на пеадгошката комуникација;
-Ефективна вербална и невербална комуникација на учењето и
поучувањето;
-Модели на комуникација со семејството.
Цел на обуката е подобрување на комуникациските вештини
во различни контексти и на сите нивоа во училишна средина.
Нема коментара:
Постави коментар