На 22.02.2019 год. во
просториите на нашето училиште во организација на предметните наставници по математика
и одделенските наставници од IV и V одд, се одржа меѓуодделенски училишен натпревар по
математика на кој учествуваа учениците од IV
до IX одд. Задачите ги
соствија и прегледаа наставничките: Ленче Танушевска, Виолета Павлеска и Марина
Станоеска. На натпреварот
учествуваа вкупно 107 ученика и тоа од: IVодд.-24, Vодд.-19, VIодд.-18, VIIодд.-18, VIIIодд.-14 и од
IXодд.-14 ученика.
На натпреварот се освоени вкупно 31 награда и 15 пофалници од кои во IVодд.-12 награди и 4 пофалници, во Vодд.-3 награди и 5 пофалници, во VIодд.-2 награди и 4 пофалници, во VIIодд.-2 награди, во VIIIодд.-8 награди и во
IXодд.-4 награди.
Од 24 ученика од IV-а,б,в и г одд. кои
учествуваа на натпреварот освоени се две
први награди, една втора награда, девет трети наградии и четири пофалници. Прва
награда освоија учениците : Марија Треневска и Александар Стојчески
Од 19 ученика од V-а,б,в и г одд. кои учествуваа на натпреварот освоени се три трети награди и пет пофалници
.
Од 18 ученика од VI-а,б,в и г одд. кои учествуваа на натпреварот освоени се две трети награди и четири
пофалници.
Од 20 ученика од VII-а,б,в и г одд. кои учествуваа на натпреварот освоени се една прва награда и една втора
награда. Прва награда има освоено ученикот Никола Десковски од VII-б одд.
Од 18 ученика од VIII- а,б,в,г и д одд. кои учествуваа на натпреварот освоени се четири втори награди, четири трети награди и две пофалници.
Од 15 ученика од IX-а,б,в и г одд. кои учествуваа на натпреварот освоени се, две први награди и две
трети награди. Први награди имаат освоено ученичките Мила Маркоска и
Ева Карамановска од IX-б одд.
Учениците кои имаат освоено најдобри резултати ќе учествуваат на
Општинскиот натпревар по математика, кој ќе се одржи на 02.03.2019 год.
Нема коментара:
Постави коментар