На 21
февруари 2019 година, општина Кисела Вода - СКОПЈЕ, по дванаесетти пат го
одбележа Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. По овој повод беше организиран
литературен и ликовен конкурс на тема „Мајчиниот јазик - Сведок на нашето
постоење“ на кој зеде учество и нашето училиште.
На
манифестацијата организирана во големата сала на Општината присуствуваа
градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, претседателот на
Советот на Општината, Дарио Шимиќ и претставници од Секторот за образование,
предучилишно воспитување, култура и спорт, а беше збогатена и со учениците од
општинските училишта.
На крајот
на манифестацијата градоначалникот Филип Темелковски на учениците и нивните
ментори кои учествуваа на литературниот и ликовниот конкурс им подели дипломи и
благодарници.
Од нашето
училиште беа наградени:
-ученичката
Мила Маркоска 9-б одд. и менторот Љуба Мишевска за освоено I место за литературна творба - II категорија;
-ученикот
Андреј Јовановски 3-а одд. и менторите Весна Стевановска и Светлана Жежовска за
освоено I место за ликовна творба
- I категорија;
-ученичката
Ивана Петреска 5-г одд. и менторот Даниела Костадинова за освоено III место за ликовна творба - I категорија;
-ученичката
Ајла Хасиќ 8-б одд. и менторот Даниел Манасиев за освоено I место за ликовна творба - II категорија и
-ученичката Ева Андреска 9-а одд. и менторот Даниел Манасиев за освоено III место за ликовна творба - II категорија.
Нема коментара:
Постави коментар