На 30. 01. 2019 година во нашето училиште се
одржа училишен натпревар по англиски јазик за учениците од V до IX одделение. Натпреварот беше
организиран од страна на предметните наставници и ментори на учениците: Анета
Макревска, Магдалена Бадарова, Маја Димеска и Александра Величковска.
Земаа учество 54 ученика од кои најдобрите
двајца ученици од секоја генерација продолжуваат на општинскиот
натпревар кој ќе се одржи во март.
V одделение: Ивона Радеска Vг одд. прво место, Јана Стамкова Vг одд. второ место
VI одделение: Леа Петрушевска VIа одд. прво место, Матеј Јаневски VIа одд. второ место
VII одделение: Леонтина КостовскаVIIг одд. прво место, Анастасија
Манчевска VIIб одд. второ место
VIII одделение: Никола Анчевска VIIIа одд. прво место, Ема Тутиќ VIIIа одд. второ место
IX одделение: Даниел Барбаров IXа одд. прво место, Ева
Карамановска IXб одд. второ место
Проект „Да ти можеш“
На
12.02.2019 наставниците Мишевска Љуба и Стојановска Катерина беа на еднодневна
обука на пилот проект „Да ти можеш“, во организација на Министерството за
образование и култура. Обуката се одржа во основното училиште „Невена
Георгиева-Дуња“ во Кисела Вода во која учествуваа сите основни училишта од
Скопје. На предавањето беа презентирани седум лекции, кои истите требаше да ги
пренесат одделенските раководители на 8-а, и 8-б одд, во соработка со одделенските наставници од 5-а, и 5-б одд. во своето матично
училиште. Носители на проектната активност се обучените наставници, а
наставниците од 5 одд. се само посредници (Маркоска Мануела и Маја Атанасовска).
Проектните активности започнаа на 18.02.2019 год. на одделенските часови,
лекциите се реализираа континуирано, пропратно со одржување на три менторски
средби меѓу паровите на ученици од 8-а - 5-а и 8-б - 5-б одд. Повозрасните ученици (ментори) им ги пренесуваа
своите знаења на помалите ученици стекнати
на предавањето од својот одд. раководител. Интересот на учениците беше
навистина голем и интересен, имаше
одлична соработка на обострано
задоволство. Проектната активност е веќе во својата завршна фаза.
Нема коментара:
Постави коментар