Согласно
препораката од Извештајот на интегралната евалуација на училиштето од 2.12-5.12.2014 год. и Програмата за
заштита и спасување согласно Годишната програма за работа на училиштето за
учебна 2017/2018 год. на ден 21.11. 2017 год. се изврши симулативна вежба за
евакуација на учениците од елементарни непогоди.
Тимот
за евакуација ги запозна наставниците со начинот и времето кога ќе се изврши
вежбата. По ходниците беа поставени знаци-стрелки за излез и скици за евакуација.
Во
8 и 45 мин. на тест знак ѕвоно поради симулативна
елементарна непогода учениците излегоа од училниците предводени од своите
наставници и брзо, без паника, по означените стрелки за најблискиот излез ја
напуштија училишната зграда.
Во
училишниот двор на отворен простор останаа сè додека не помина опасноста кои ја
потврдија надлежните институции.
Потоа повторно се вратија назад во своите
училници.
Тим за
евакуација:
Јовица
Ефтовски
Горан
Андреевски
Мануела
Марковска
Работилница
со ученици од I
одделение „СИТЕ СМЕ РАЗЛИЧНИ, А ЕДНАКВИ“
На 17.11. 2017година во просториите на подрачното
училиште на ООУ Рајко Жинзифов во н. Пинтија се реализираше работилница под
наслов „СИТЕ СМЕ РАЗЛИЧНИ, А ЕДНАКВИ“. Реализатори на работилницата беа училишниот дефектолог во соработка со одделенскиот
наставник на I-г одделение - Кети Сталеска.
Учениците ги утврдија нивните знаења дека постојат
разлики помеѓу нив и дека истите треба да ги прифаќаат, почитуваат и меѓусебно да си помагаат.
Секој ученик направи отпечаток од својата рака кој потоа
го залепи на голем хамер. Дојдовме до заклучок дека изработките ни се слични но
секој отпечаток е специфичен и посебен односно дека сме сите ние различни и
единствени . Учениците меѓусебно
имаат многу работи по кои се разликуваат но и многу работи по кои се слични. Посeбноста луѓето и нивната различност го прават светот
поубав.
Изработиле
Дефектолог – Адријана Кукоска
Одд. наставник
Кети Сталеска
Нема коментара:
Постави коментар