На 22.11.2017год. (среда), учениците
од I до IX одд од нашето училиште гостуваа во емисијата ,,Голем
одмор“ на МТВ со почеток во 10:30 часот и се претставија со богата пригодна
програма на тема ,,5-ти Октомври –Денот на учителот“. Беа изведени
драматизации, се прочитаа лични творби на англиски и француски јазик, како и
богати кореографии на музички точки со малите ученици од одделенска
настава. Ученичката Каја Ристовска
драматизираше монолог - ,,Сонував чуден сон“, а останатите ученици изведоа
кореографија на песната ,,Сакам да сум свој“ авторска песна од наставникот Даме
Коларовски. За што подобар впечаток на сцената, во соработка со родителите беа
изработени и маски ,,марсовци“ и визуелниот ефект беше на завидно ниво.
Носители активноста
беа наставниците Даме Коларовски, Јосипа Стефановска,
Магдалена Бадарова, Наталија Делева и Анета Ѓуровска, како и
наставниците од одделенска настава Мануела Маркоска, Виолета Николин, Маја
Атанасовска Спасеска и Валентина Димишкоска и наставниците од предметна настава.
Нема коментара:
Постави коментар