Според Годишната програма за работа на училиштето во
текот на ноември со Активот на одделенска настава се реализираше интерна обука
по математика: „Математика +“. Во присуство на поголем број одделенски
наставници од страна на Весна Рафеска
- педагог и Билјана
Шоклевска одделенски наставник беа презентирани следните теми: Геометриски
форми и тела, Собирање и одземање, Множење и делење и Текстуални задачи.
Покрај презентацијата наставниците имаа можност практично
да ги применат презентираните техники/стратегии за полесно совладување на
содржините по математика. Присутните наставници се изјаснија дека техниките се
корисни и применливи и се надеваат дека ќе бидат интересни за децата и ќе
усвојуваат знаења на интересен начин.
Нема коментара:
Постави коментар