На
25.10.2017 година, 95 ученика од вкупно пет паралелки од деветто одделение од
основното училиште ,,Рајко Жинзифов” во 8 часот се упатија на тридневна екскурзија во Охрид.
Прва посетена дестинација беше Могилата на паднатите борци во Прилеп, а потоа
се упативме кон Битола, каде што еден час го поминавме во прошетка по Широк
сокак. Во 17,30 часот пристигнавме во хотел Климетица во Охрид, каде што по
сместувањето во хотелските соби и вечерата, се упативме на заедничко дружење во
дискотеката Харем. Забавата траеше до дванаесет часот по полноќ, по што
учениците се упатија во своите соби.
Вториот
ден, по појадокот во 9 часот, се упативме во посета на неколку знаменитости во
Охрид: Заливот на коските, Св. Наум,
црквите Св. Софија и Св. Јован Канео, а потоа, во попладневните часови и на
двочасовна прошетка низ центарот на Охрид. Потоа се вративме во хотелот, од
каде, по вечерата, повторно заминавме на забава во дискотеката Хемингвеј. По
завршувањето на забавата, се вративме во хотелот на починка.
Третиот
ден, по појадокот во 8 часот, се упативме на прошетка до Охридското езеро, а
потоа се вративме на ручек и пакување за назад кон Скопје. Попатно, застанавме
во Струга, каде го посетивме Природно-научниот музеј, а оттаму се упативме кон
Вевчанските извори. Потоа продолживме на пат за Скопје, со попатно застанување
и мал одмор на Стража. Некаде пред 21 часот пристигнавме во Скопје.
Екскурзијата генерално помина во најдобар ред.
Раководител на екскурзијата:
Тони Петрушевски
Нема коментара:
Постави коментар