По повод 1 Април - Денот на шегата, во
подрачното училиште „Рајко Жинзифов“ во н.Пинтија, учениците од прво до петто
одделение во придружба на нивните наставнички ја следеа комичната претстава ,,Малата
принцеза Галена" каде актерите од Драмскиот театар на комичен начин ни ја
опишаа принцезата и како таа успева да се спаси од здодевноста. Потоа
маскираните ученици им ги покажаа своите маски на нивните другарчиња, а воедно
беа избрани и најуспешните маски во секое одделение.
Одговорен наставник: Даниела Костадинова
Нема коментара:
Постави коментар