петак, 21. април 2017.

„Ракатки-2017“

                   На 22. и 23. 04. 2017 год. се одржа тринаесетиот литературен фестивал „Ракатки-2017“ во општина Радовиш. Ученичката Маркоска Мила ја освои првата награда за литературната творба „Во морето од желби“ и обезбеди учество на овој реномиран детски фестивал организиран од Сојузот на писатели на Р.Македонија. Фестивалот траеше два дена и се одржа во културниот дом  „Ацо Караманов“. 
Манифестацијата беше отворена од страна на градоначалникот и преседателот на фестивалот г-ѓа Славка Арсова. Покрај останатата публика гостуваа и повеќе писатели за деца меѓу кои Горјан Петревски, Филип Димкоски, Стојан Арсиќ, Горан Ачковски, Славка Арсова и др.. Ученичката гостуваше заедно со нејзиниот ментор, наставник по македонски јазик Мишевска Љупка. Покрај останатите подароци ученичката беше наградена со диплома за освоено прво место и успешно учество на фестивалот.

Во морето од желби

 Дете сум, па како и сите други
 имам желби еден милион.
 Некои се реални, а некои... кој знае
 можеби се остварливи само во сон.

Но,  желбите се дозволени нели?
Со нив е поинтересно, така се вели!
А кога во морето од желби јас бродам
не постои место во кое не можам да одам.

Ах, тие желби, постојано се низ мојата глава
како ли да стекнам светска слава?
Концерт на Мила,преполна сала,
аплаузи, гламур но јас уште сум мала,
а за таа желба верувајте се би дала!

Среќна сум од секоја  желба остварена,
но уште посреќна од љубовта  подарена,
од прегратката бабина остарена
од сечија насмевка искрено дарена.

Но,  желбите се дозволени нели?
Со нив е поинтересно, така се вели.
Сепак најголема желба ми е, секој здравје да има,
никаде војни, гладни и боси да нема.

                            Мила Маркоска VII-б одд.



„ГОЛЕМ ОДМОР“



             Учениците од I до IX одделение од централното  и  подрачното училиште на 18. 04 2017 г. (вторник) се претставија со пригодна програма во емисијата „Голем Одмор“ на МТВ со почеток во 10.30 часот. Носители на програмата беа наставникот по музичко образование во соработка со наставниците од одделенска и предметна настава.
   Програмата под мотото: „И пролетта празнува со нас“ беше исполнета со изведба на рецитали, стихотворби и драматизации на англиски и француски јазик како и интерпретации на музички точки со изведба во живо, поткрепени со кореографија.





Нема коментара:

Постави коментар