По повод 7
Април - Светскиот ден на здравјето , Здружението
на бубрежно болни граѓани НЕФРОН реализираше работилници со учениците од трето одделение
во централното и во подрачното училиште во населба Пинтија.
Едукативна активност „Со
здрави навики до здрави бубрези’’ како дел од проектот „Децата и бубрежните болести - дејствувај
навреме за да ги спречиш“, се состоеше од интерактивна едукативна презентација,
поставување и одговарање на прашања со учениците, делење на подароци
(едукативна тематска боенка, боички и шише вода) како мотивација и поттик за
применување на здрави навики со цел превенција. Целата активност беше во
траење од еден училишен час, односно 30 до 40 минути
Носители на активноста беа Павлинка Балиска, дипл.психолог и Влатко Коколански, м-р по Јавно здравство,
одделенските наставници и учениците од трето одделение.
Извештајот го изготвил: Весна Рафевска -
училишен педагог
Нема коментара:
Постави коментар