Согласно Годишната програма за работа на училиштето за
учебната 2016/2017 година на 21 март (вторник) во
нашето училиште се реализираа активности за одбележување на Денот на пролетта.
Учениците од предметна настава заедно со класните
раководители беа вклучени во расчистување и уредување на училишниот двор.
Особено внимание се посвети на уредување на зелените
површини во училишниот двор.
Наставниците од одделенска настава заедно со
своите ученици се потрудија и ги уредија своите училници и училишни холови во пролетен амбиент. Во
активностите свој придонес дадоа и родители кои се потрудија учениците да имаат
почиста и подобра работна средина.Учениците од прво и второ одделение изработија ликовни творби на тема ЕКОЛОГИЈА
И учениците
од подрачното училиште во населба Пинтија, исто така, активно се вклучија во
одбележувањето на Денот на пролетта!
Иновативни техники и стратегии за учење.
Во втората недела
од месец март според планираните активности на Стручните активи од страна на
педагогот на училиштето Весна Рфевска се
реализираше презентација на тема: Иновативни техники и стратегии за учење.
Беа презентирани следните техники: „Инстант креатива“, „5 Зошто“, „Клиптинг
прашања“, „6 Шешири на Боно“, „Дневник во две колони“ и „Ако тогаш“.
Наставниците искажаа
задоволство и подготвеност секогаш да ги следат новините во наставниот процес
со цел кај учениците да се олесни процесот на учење.
Ставот на
присутните на Стручниот актив беше дека со примената на техниките за учење придобивките ќе бидат следни:
·
Иновативните техниките и
стратегии на учениците им помагаат да бидат што поактивни во наставата;
·
Кај учениците се
потттикнува критичкото размислување и учат ефикасно да учат;
·
На наставникот му даваат
повратна информација за разбирањето на материјалот и усвојувањето на наставните
содржини;
Со примената на
иновативните техники за учење кој се составен дел од современата настава учениците стануваат активни субјекти, а
наставникот поттикнувач и насочувач
Нема коментара:
Постави коментар