среда, 27. децембар 2023.

Поделба на новогодишни пакетчиња

 

    Во рамки на интерниот училишен проект  Убавините  на  различностите во училиштето имавме хуманитарна акција, за собирање на средсва, со цел да се купат новогодишни пакетчиња за учениците со посебни образовни потреби и учениците од ранлива категорија, спроведен од училишниот дефектолог Адријана Кукоска и предметниот наставник Горан Петкович. На учениците дискретно им беа поделени новогодишните пакетчиња со желби за среќна и успешна Нова Година.


 

Дефектолог Адријана Кукоска

понедељак, 25. децембар 2023.

Отворен ден по граѓанско образование

 

На 21 ноември 2023 година, со почеток во 11.30 часот беше одржан петтиот по ред Отворен ден по граѓанско образование, овој пат во просториите на нашето училиште ООУ „Рајко Жинзифов“ во населбата Драчево. Отворениот ден беше организиран на темата „Стоп за врсничкото насилство.“

За овој настан инспирација беа честите случаи на врсничко насилство кои се среќаваат насекаде а не сме исклучок и ние како држава. Проектот и оваа година беше реализиран со учениците од IX одд.

Во рамки на Отворениот ден, на оваа тема говореа учениците од IX одделение, Милица Јордановска, Мартина Стојановска, Ема Станоеска и Јована Пешова. За настанот беа подготвени два ораторски говори и една презентација. На крајот од настанот, на присутните им беше поделен едукативен материјал – летоци и флаери.

Во подготовката на настанот покрај учениците од IX оддeление, учествуваше и  наставничката по граѓанско образование, Валентина Јанкоска. 

Одговорни наставник

Валентина Јанкоска

 

Новогодишната претстава со Дедо Мраз

На ден 14.12.2023 год.  учениците од II-д одд. во соработка со родител имаа можност да реализираат воннаставна активност следење на интерактивна „Новогодишна претстава со Дедо Мраз“ во хотел „Континентал“. Учениците  се дружеа со Дедо Мраз и неговите пријатели,изработуваа новогодишни украси,ја напишаа својата новогодишна желба и лично му ја врачија посакувајќи да им се реализира .По завршувањето на претставата следеше пријатно изненадување за секој ученик,  поделба по едно новогодишно пакетче.

Благодарност до родителот!!!

Годината што иде среќна да ни биде!



Одговорни  наставник

Елена Стојановска