Учениците од ll б и ll в одд. го одбележаа денот на прегратката со низа активности:почнувајќи со драматизација на ,,Снежето еже",читање пораки,изработка на нагледно средство.
Библиотекар: Александра Милчева
Учениците од ll б и ll в одд. го одбележаа денот на прегратката со низа активности:почнувајќи со драматизација на ,,Снежето еже",читање пораки,изработка на нагледно средство.
Библиотекар: Александра Милчева
Одбележување на светскиот ден на нула дискриминација во подрачното училиште во Пинтија .
Учениците учествуваа во едукативна активност посветена на подигање на свеста за
борба против дискриминација.
Активноста им овозможи подлабоко разбирање и донесување на заклучок дека МИРОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ е клучна алка за борба против дискриминација ,кое придонесува :
*подобра иднина за сите
*достоинствен живот
*еднаков однос кон сите
*создавање на праведен и инклузивен свет
*секој има право на почит и мир ...
Нашиот глас може да направи разлика.
Библиотекар :Александра Милчева
Во текот на второто полугодие во учебната 2024/2025 година стручните соработници училишниот психолог Бранка Бранковиќ, педагог Весна Рафеска и дефектолог Адријана Кукоска реализираа работилници на теми поврзани со ментално здравје на младите.
Во јануари и февруари од страна на училишниот педагог, психолог и дефектолог реализирани се 14 работолници: „Моето тело – моите чувства“, „Лоши и добри навики“, „Моите негативни чувства“, „Надминување на мојот страв“, „Пушењето е смртоносно – Зошто тогаш е привлечно?“, „Скршено срце“ , „Сличности и разлики со оето другарче“, „Разлики меѓу нас“ „безбедно користење на интернет“ и „Инклузивен и неинклузивен јазик“ со учениците од II, V, VI, VII и IX одделение. Во овие работилници земаа учество вкупно 307 ученици. Овие работилници имаат за цел училиштето да го направат место во кое учениците ќе сакаат да престојуваат, во кое ќе бидат вклучени и нивното мислење и нивните чувства ќе бидат земени предвид. Исто така, во овој периот, стручните соработници училишниот педагог, дефектолог и психолог одржаа презентации на актив на одделенска и предметна настава на теми: „Изгради ги обрите навики“, „Стилови на родителство и стилови на наставници“ и „Инклузивно образование во основните училишта во Општина Кисела Вода“ .
Во месец март училишниот педагог, психолог и дефектолог, како и предметни наставници реализираа работилници тема: „Кругови на моите блиски“, и „Другарство“. Во овие работилници земаа учество вкупно 121 ученика од II, VI, VII, VIII и IX одделение. Целта на овие работилници е учениците да ги препознаат своите емоции и развивање на емпатија кај учениците..
Во месец април реализирани се вкупно 10 работилници. Темите кои се обработени во склоп на работилниците имаат за цел развивање на толеранција, асертивна комуникација, самодоверба, самопочитување и помош при избор на средно училиште, развивање на слаби страни и идентивикација на јаки страни кај учениците. Вкупно 151 ученици од VI, VII и IX учествуваа на следните работилници „Кругови на моите блиски“, „Професионална ориентација“ и „Убаво однесување“ . Класните раководители Магдалена Бадарова, Марина Станоеска, Билјана Наунова, Горан Петковиќ, Ленче Танушевска, Татијана Георгиевски, Љуба Мишевска и Елена Ристеска работилницата „Круговите на моите блиски“ ја реализираа во рамките на своите паралелки.
Во мај и јуни од страна на стручните соработници училишниот психолог, педагог и дефектолог реализирани се 8 работилници на различни теми поврзани со ментално здравје: „Сакам да се дружам со...“, „Пишување покана“, „Одговорна употреба на мобилните телефони и социјалните медиуми“, „Моите негативни чувства“ и „Професионална ориентација. Во oвие работилници земаа учество вкупно 150 ученици од I, II, V и VIII и одд.
Во рамки на проектот „Ментално здравје на учениците“ направено е акциско истражување од страна на училишниот психолог Бранка Бранковиќ. Во тестирањето на учениците земаа учество и класните раководители од VII до IX одделение.
педагог Весна Рафеска
психолог Бранка Бранковиќ
дефектолог м-р Адријана Кукоска
Во текот на второто полугодие во учебната 2024/2025 година стручните соработници училишниот педагог Весна Рафеска и психолог Бранка Бранковиќ реализираа работилници на теми поврзани со врсничко насилство. Во јануари и февруари реализирани се работилници на тема: „Лутина и агресивност“, „Наилство – поим и видови“, „Стереотипи и предрасуди“, „Насилно однесување“ и „Насилство – Стоп!“. Во овие работилници учествуваа вкупно 87 ученици од II,V,VIII и IX одделение.
Во месец март реализирани се работилници на тема: „Разрешување на конфликти“, „Лутина и агресивност“ и „Насилство – поим и Видови“ со учениците од II, IV, VI, VII и VIII. Во овие работилници учествуваа вкупно 114 ученика.
Работилници на теми поврзани со насилство „Другарство – социограм“ и „Разрешување на конфликти“ одржани се во април со учениците од II и VI, учество земаа 28 ученици, додека во мај и јуни реализирани се работилници на теми: „Моите негативни чувства“, „Сајбер насилство“ , „Ученик насилник“и „А што сега? Стилови на решавање конфликти“ со 70 ученици од V, VII и VIII одделение.
Во рамки на проектот „Училиште без насилство“ направено е акциско истражување од страна на училишниот психолог Бранка Бранковиќ. Во тестирањето на учениците земаа учество и класните раководители од VI до IX одделение.
Проблемот со врсничкото насилство, познато како булинг, е широко распространет меѓу младите. Поради тоа, неопходно е да се почне со подигнување на јавната свест за тежината на овој проблем и последиците што врсничкото насилството ги остава врз кревката детска психа.
Целта на овие работилници е да се препознаат карактеристики на насилство, насилникот и жртвата, да се унапредат односите и комуникацијата помеѓу учениците, да се зајакнаат знаењето и вештините на учениците за конструктивно решавање на конфликти, како и да се развие способност да се идентификува изворот на конфликтот.
психолог Бранка Бранковиќ
педагог Весна Рафеска
На 28.5. во нашето училиште беше одржана театарската претстава Music Talent Show. Во светот на најголемите херои, организирано е грандиозно натпреварување: Music Talent Show. Водител на шоуто е шармантниот и секогаш насмеан Супер Марио, а натпреварувачите се вистински легенди: Спајдермен, Супермен, Бетмен . Но за да не биде сѐ така совршено, Бетмен, одлучен по секоја цена да победи, прави нечесен потег и успева да ги поткупи Супер Марио и претседателот на жири комисијата - кловнот Боби. Освен тоа, тој им поставува замки на останатите натпреварувачи! Но, нешто неверојатно ќе се случи! Децата од публиката беа повикани да помогнат на хероите.. Благодарение на детската помош и искрената поддршка, натпреварувањето стана вистински спектакл. Со помош на детската енергија, финалето заврши со голема музичка и танцова магија, каде целата публика навиваше и го избира својот победник. На крајот, најдобриот победува, носејќи радост и многу поуки на сите. Претставата беше идеална за сите генерации: забавна, интерактивна и поучна. Децата учат за фер-игра, меѓусебна поддршка и храброст.
Одговорни наставници: Вилма Влаховиќ и Билјана Петровска
Одделенски наставник: Кети Сталеска
Зборувате ли француски/ Parlez-vous français ?
На 22.05.2025 и 02.06.2025 одржавме час со учениците од 5-а, б и в со цел запознавање со францускиот јазик и култура при учениците од 8-а направија прекрасни презентации. Благодарност до Калина, Константин, Ива, Мила и Ева за вложениот труд.
Според годишната програма на ден 03.06.2025 се одржа еднодневен пролетен излет од забавно рекреативен карактер за учениците од 1во до 3то одделение во црквата "Св. Илија" - Чардак. Цел беше запознавање на убавините на природата во непосредна околина, развивање интерес за спортски активности и фер-плеј однесување, другарство, комуникација, споделување.
Одговорни наставници : Никола Соколовски Кирил Атанасовски
Земји учеснички во преоектот: Македонија, Турција, Италија, Грција, Литванија, Полска и Чешка.
eTwinning проектот SEL in My English Class (Социо-емоционално учење на часот по англиски јазик) има за цел да ги поддржи нашите учениците во развојот на социо-емоционалното учење (SEL) и јазичните вештини преку интерактивни активности. Проектот исто така има за цел учениците да ги подобрат своите дигитални вештини користејќи Web2.0 алатки. Овој проект има за цел холистички да ги развие јазичните способности на учениците, негувајќи ги нивните социјални, емоционални и дигитални вештини, подготвувајќи ги да бидат ефективни комуникатори и емпатични поединци во глобален контекст.
Во проектот се вклучени ученици од V-б и VI- а, б, в одделение.
Период за реализација на проектот е од октомври 2024 до мај 2025 година.
Предвидени активности кои ќе се реализираат се изработка на лого и постер за проектот, online средби со наставниците и учениците од земјите учеснички, креирање на игри, користење на Web2.0 и AI (вештачка интелигенција), алатки за креирање на игри, одбележување на значајни датуми поврзани со интернет, учество во заеднички работилници со учениците од земјите учеснички,
Проектот во нашето училиште се реализира од страна на предметниот наставник по англиски јазик Магдалена Бадарова.
Цели на проектот:
1. Развој на јазикот
Збогатување на вокабуларот и вештините за разговор на учениците поврзани со секојдневни теми.
Подобрување на способноста на учениците да конструираат и да искажуваат едноставни реченици на англиски јазик.
Негување доверба во зборувањето и презентирањето на англиски јазик преку интерактивни активности.
2. Социо-емоционално учење (SEL)
Градење на самосвеста и самодовербата кај учениците со тоа што ќе бидат вклучени во активности кои промовираат самоизразување.
Негување емпатија, емоционално разбирање и ценење на другите преку активности фокусирани на семејството, саканите и емоциите.
Развивање на чувство на припадност и тимска работа со заедничка работа преку креативни проекти и игри.
3. Културна и социјална свест
Запознавање на учениците со различни семејни структури и улоги во заедницата, промовирајќи разбирање и почитување на разликите.
Учениците да истражуваат и да се гордеат со нивната локална заедница и домови преку активности за цртање и правење мапи.
4. Креативност и дигитална писменост
Поттикнување на креативноста со интегрирање на дигитални алатки (на пр. ChatterPix, Voila, Storyjumper) за подобрување на учењето и самоизразувањето.
Развивање на дигиталната писменост на учениците со користење на алатки како Wordwall, Padlet и веб-страници за анимација на креативни и интерактивни начини.
5. Соработка и комуникација
Зајакнување на меѓусебните интеракции и комуникациските вештини преку активности во парови и групи.
Промовирање на тимска работа во колаборативни проекти како што се цртање куќа од соништата со проектните партнери и креирање дигитални приказни.
6. Вештини за доживотно учење
Негување на љубопитност и внатрешна мотивација за учење преку вклучување на учениците во различни, пријатни и значајни активности.
Да ги научиме учениците да ги изразуваат своите мисли, преференции и емоции, поттикнувајќи самонасочено учење и саморефлексија.
„Protecting Nature is in OUR Hands with STEAM“
Земји учеснички во преоектот: Македонија, Турција, Италија, Украина, Азербеџан, Португалија, Романија и Грузија.
eTwinning проектот Protecting Nature is in OUR Hands with STEAM (Заштитата на природата е во наши раце со STEAM) има за цел да се подигне еколошката свест, да се поттикне креативноста и да се обезбеди на учениците вештини за решавање проблеми во образованието STEAM (наука, технологија, инженерство, уметност и математика). Проектот исто така има за цел учениците да ги подобрат своите дигитални вештини користејќи Web2.0 алатки. Пристапот STEAM е ефикасна алатка за зголемување на свеста на учениците за зачувување на природата, а исто таа развива креативност, решавање проблеми и вештини за соработка. Разбирањето на културните разлики и нивното вклучување во проекти им помага на учениците да развијат глобална перспектива.
Во проектот се вклучени ученици од II-а продолжен престој и VI- а, б, в одделение.
Период за реализација на проектот е од октомври 2024 до мај 2025 година.
Предвидени активности кои ќе се реализираат се изработка на лого и постер за проектот, online средби со наставниците и учениците од земјите учеснички, креирање на игри, користење на Web2.0 и AI (вештачка интелигенција), алатки за креирање на игри, одбележување на значајни датуми поврзани со интернет, учество во заеднички работилници со учениците од земјите учеснички.
Проектот во нашето училиште се реализира од страна на предметниот наставник по англиски јазик Магдалена Бадарова и одделенскиот наставник Маја Атанасовска Спасеска
Цели на проектот:
1. Креативност и иновација
Бајки и приказни: учениците да ја развијат својата креативност со пишување фантастични приказни за заштита на животната средина или приказни кои се обработуваат актуелни прашања. Со ова се зголемува емпатијата и свесноста.
2. Вештини за решавање проблеми
Проблеми од реалниот живот: учениците да вршат анализи на еколошките проблеми и развиваат практични решенија за овие проблеми.
3. Соработка
Тимски проекти: учениците работат во мултикултурни групи со цел изнаоѓање на заеднички решенија, да учат и споделуваат пристапи за животната средина од различни култури и да ја зајакнат соработката.
4. Кодирање и вештачка интелигенција
Употреба на технологија: учениците ќе стекнат вештини за заштита на природата со користење на вештачка интелигенција и јазици за кодирање за анализа на податоци и симулации.
5. Мултикултурализам
Глобална свест: учениците да развијат различни перспективи за проблемите со животната средина.
6. Научно истражување
Собирање и анализа на податоци: учениците да учат научни методи со спроведување на теренски студии за проекти за заштита и собирање и анализа на податоци.
7. Уметност и дизајн
Визуелна комуникација: учениците да стекнат уметнички вештини за да ја зголемат нивната свест за еколошките проблеми.
8. Критичко размислување
Донесување свесни избори:
Учениците да донесуваат посвесни одлуки за природните ресурси и одржливоста.
На 23.05 2025 година учениците од 6а,б,в и 9а одделение ја истакнаа својата креативност преку ученичка работилница посветена на словенските просветители Св. Кирил и Методиј под менторство на предметните наставници Љуба Мишевска и Елена Ристевска.
Најнапред учениците ја ислушнаа химната за словенските просветители а потоа го испишаа нивното име на првата словенска азбука (Глаголица). Учениците од 9 одделение подготвија презентазија за животот и делата на браќата како и нивните значајни мисии во однос на ширење на словенската писменост. Учениците посебно ги истакнаа Моравската и Панонската мисија, значајни за христијанскиот словенски народ. Дел од учениците ја истакнаа својата творечка креативност, а дел изработуваа хамер и цртежи со нивниот лик. На крајот учениците ги прочитаа своите творби и го презентираа изработениот хамер.
Нека ни е честит празникот и вечно да се слави нивното име!
Врз основа на годишната програма за работа на училиштето ООУ Рајко Жинзифов- Скопје за учебната 2024/25 год. учениците од 3 а,б,в,г,д одделение беа на еднодневна наставно- научна екскурзија во Кавадарци. Екскурзијата за учениците од трето одделение од деветгодишното образование е планирана како еднодневна екскурзија во траење од еден ден во Кавадарци се реализира на 09.05.2025 год.
Воспитно -образовни цели
-Запознавање со минатото и традицијата на нашиот народ,-Совладување и проширување на знаењата,-Примена на вештини и ставови преку непосредно запознавање на појавите, односи во природната и општествена средина, културно историските знаменитости-стекнување конкретни знаења за посетените објекти.
Задачи
Изучување и истражување на објекти и појави во природата како и односите во општествениот живот, развивање интерес за природата и градење еколошки навики, запознавање со културата и начинот на живеење на луѓето во одделни краеви, развивање позитивен однос кон националните, културните и естетските вредности, поттикнување и манифестирање на позитивни емоции, социјализација, колективна заштита и стекнување искуство за осамостојување и грижа за себе.
Екскурзијата се реализираше со тргнување во утринските часови со попатна посета на винарија Тиквеш. Разгледување на природните убавини на блиската околина. Запознавање со функцијата и значењето на хидроцентралата за регионот. Посета на Спомен костурницата, Градскиот парк-Кавадарци .Патот го продолживме за селото Ваташа. Спомен обележјето за дванаесетте младенци стрелани во НОБ. Попатна посета на црквата Св.Петка.
На екскурзијата покрај одделенските раководители присуствуваа водич на групата и медицинско лице.
Одговорни наставници -Актив на трето одделение