недеља, 25. мај 2025.

Oпштински и регионален натпревар по Природни науки

Учениците од 4 Г одд. од подрачното училиште учествуваа на општински и регионален натпревар по Природни науки и освоија 

1. Илина Јовановска  4 г трета награда

2. Даријан Јаковчевски  4г трета награда

3. Луна Андовска 4г пофалница

4. Мила Ќириќ 4г пофалница

5. Марин Јовановиќ 4г пофалица 

Одделенски наставник : Ирена Ѓоршевска






"Ден на Европа- Европа низ детските очи"

Ден на Европа

На ден 10.5.нашето училиште беше дел од настанот "Ден на Европа- Европа низ детските очи". Настанот беше од едукативно-забавен карактер каде учениците се дружеа, забавуваа и ги покажаа своите знаења за Европа.
Одговорни наставници:
Магдалена Бадарова, Анета Арсовска Ѓуровска


МИМО активност- тема “Традиција во Македонија и Британија“.

МИМО активност 

На ден 23.5.2025  во рамките на МИМО проектот се одржа заедничка работилница со ученици од шесто одделение од нашето училиште и од училиштето “Алија Авдовиќ“ на тема “Традиција во Македонија и Британија“. Учениците ги развија меѓуетничката толеранција и почитување и се запознаа со различни културни вредности и традиции, со цел градење на позитивни ставови и разбирање.

Одговорен наставник:

Магдалена Бадарова




четвртак, 15. мај 2025.

Извештај за посета на културно – историски знаменитости во градот Скопје

На 14.5.2025г. учениците од четвртите одделенија реализираа посета на културно-историски споменици, значајни знаменитости и верски објекти во нашиот главен град. Непосредно и доследно ги проширија своите стекнати знаења за богатото културно наследство во нашиот град при тоа развивајќи позитивни чувства, културен однос и меѓусебна соработка и дружба.

Реализатори: IV а Вилма Влаховиќ,  IV б Светлана Жежовска, IV  в  Марија Илиева,  IV г Ирена Ѓоршевска,  IV д  Билјана Илиева








среда, 14. мај 2025.

ИЗВЕШТАЈ - од реализираната посета на Саем на книга

На 12.05.2025 учениците од 3д одделение го посетија саемот на книгата.  Учениците имаа можност да учествуваат во работилницата Девојчето и куклата што патува на штандот на Арс Ламина и истовремено да другаруваат со авторот на сликовницата Александар Русјаков.

Авторот им ја презентираше сликовницата , ги водеше на патување низ различни предели во светот ,им кажуваше по некоја карактеристика  за секоја дестинација,но им подели и разгледници и им даде упатство како да ги пополнат, да си ги разменат меѓусебно и да ги прочитаат.

Ова беше прекрасно искуство кое ги поттикна да ги засакаат уште повеќе читањето и книгата. Потоа имавме можност да ги разгледаме и другите штандови со многу нови изданија. Учениците со интерес разгледуваа ,избираа книги и разговараа за своите омилени наслови. Ваквите посети се одличен начин да се поттикне љубовта кон пишаниот збор.

Одговорен наставник Елена Стојановска







 

 


понедељак, 12. мај 2025.

,,Генералка викенд,,

На 9 Мај 2025 се одржува големата пролетна акција -,,Генералка викенд", со учество на училишта од цела држава. По тој повод ,нашето училиште централното и подрачното во нас.Пинтија се вклучува со организирање на Еко час, во кој учениците спроведоа практични активности за заштита на животната средина, чистење на училишниот двор и пошироката околина. Целта на Еко часот е да се развие еколошка свест кај учениците преку активности како што се собирање отпад,рециклирање,садење и освежување на растенија.

Одговорен наставник по Биологија и Природни науки

 Билјана Наунова 



петак, 9. мај 2025.

,,Саем на наука”

На ден 08.05.2025 година во рамки на проектот Науката и јас подржан од Македонија 2025 и Компанијата Џонсон Мети се одржа работилница за ефективна настава за наставници кои предаваат природни науки. Работилницата се одржа во ОУ ,, 25 Мај "Скопје Наставниците покрај предавањето имаа можност да учествуваат во изработка на експерименти и да го надградат своето знаење.

  Македонија 2025 Огранок во Република Македонија, донираше сет за наука во вкупна вредност од 32,600 МКД (триесет и две илјади и шестстотини) на 22.05.2025 година на Општинско основно училиште “Рајко Жинзифов” oд  н. Драчево.

Сетот за наука е наменет за подршка и унапредување образовниот развој во нашата земја, преку обезбедување и подобрување на услови за одржување на наставата по природни науки во 6 одделение. Сетот на наука се доделува на наставник по природни науки Билјана Наунова, учесничка во „Науката и Јас“ Тренинг работилница за ефективна настава по природни науки за наставници по природни науки во Македонија, и учесник на Саем на наука, одржани во мај 2025 година во Скопје. Проектот е имплементиран во рамки на Џонсон Мети Програмата за влијание на заедницата „Науката и јас“.


Селекција на отпадот од пакување

Денес учениците од IIa се вклучија активно во процесот на селекција на отпадот од пакување. За таа цел учениците собираа пластични шишиња, истите ги однесовме во Кам маркет каде што има вендинг машина за собирање шишиња. Со помош на апликација од мобилен телефон собираме зелени поени.

Воспоставување на навика за постојана грижа за природата, стануваме посовесни и поодговорни граѓани се со цел заштита на животната средина во нашето општество. Акцијата продолжува и понатаму. 

Одговорни наставници : Маја Атанасовска Спасеска  Горица Станковска



среда, 7. мај 2025.

5 мај - Ден на македонскиот јазик

Датумот 5 мај е избран како Ден на македонскиот јазик бидејќи токму на овој ден во 1945 година, Народната влада на Федерална Македонија ја донела одлуката за официјализирање на македонскиот литературен јазик и за усвојување на македонската азбука. Оваа одлука претставува еден од најзначајните моменти во историјата на македонскиот народ, бидејќи со тоа македонскиот јазик добива статус на службен јазик во државата, а македонската азбука станува официјално писмо.

Денот на македонскиот јазик е можност да се потсетиме на важноста од негова заштита, правилна употреба и негување. Тој е повик до сите генерации – од најмладите до најстарите – да го почитуваат и сакаат својот јазик, да го користат правилно и да го пренесуваат на идните поколенија.

Нашите ученици на овој ден земаа учество на настанот по повод 80 години од кодификација на македонскиот јазик, во салата "Билјана Беличанец" и ја рецитираа народната песна "Стојан и Лилјана - учи ме мајко карај ме".

ДА ГО ЧУВАМЕ И НЕГУВАМЕ МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК !!!


Одговорни наставници Елена Ристевска, Љупка Мишевска









среда, 30. април 2025.

АПРИЛ МЕСЕЦОТ НА АУТИЗМОТ

Во нашето училиште „Рајко Жинзифов“ по повод месецот на Аутизмот се организираа различни активности од страна на училишниот дефектолог и образовните асистенти кои даваа поддшка на децата со попреченост. 

Активностите беа  изведени во прво, второ, трето, четврто и пето одделение.  

Во активноста под мотото „Добрина на дело“ се одржа дискусија за тоа како добрината создава инклузивен свет, а потоа секое дете пишуваше картичка со некој добар збор кој подоцна беше изложе на „Дрвото на добрината“. 

Активност „Сензорно славање-Свет со бои“ оваа активност беше изведена со истражување на различни текстури, звуци и визуелни ефекти за да разберат сензорни искуства.  За време на оваа активност учениците боеа сложувалка за да изградат заеднички ѕиден мурал што симболизира единство во различностите. Развивме дискусија  за тоа како да бидеме поддржувачи и како можеме да им помогнеме на другите што ги доживуваат поразлично. При изведување на активноста „Нараквици на пријателството“ децата изработуваа нараквици во различни бои, при што секоја боја симболизира доблест. Групна дискусија за тоа што значи да се биде добар пријател. Учениците споделуваа мисли за инклузијата и поддшката. Учениците учествуваа во играта „Чекори во моите чевли“ и изработија постер со отпечатоци од раце и напишаа добри мисли под одпечатоците. Во активноста под мотото „Верижна реакција на добрина“ учениците пишуваа нешто убаво за другарчето на разнобојни ленти, а потоа сите ленти ги составивме како еден голем хартиен синџир.


                                                                                                     Училишен дефектолог 

                                                                                                     м-р Адријана Кукоска


Доделени признанија за успешно завршена обука за Равивање на напредни компјутерски вештини за 3Д печатење

На ден 28.4.2025 на учениците од 7а,б,в,г одделение им беа доделени признанија за успешно завршена обука за Равивање на напредни компјутерски вештини за 3Д печатење во дворот на фабриката ТИТАН Усје во соработка со Иноваториум клуб. 

Настанот беше организиран со музика, забава и храна, создавајќи пријатна и весела атмосфера што овозможи вистинска забава за учениците.

Одговорни наставници:

Магдалена Бадарова

Тина Пуфкова Гиевска  




уторак, 29. април 2025.

Етвининг проект – There is a life at school

Проектот е подготвен за деца од основна училишна возраст.

Во текот на проектот децата  ги развија своите комуникациски вештини,  научија да размислуваат критички и да решаваат различни практични задачи, наоѓајќи решенија за проблемите. Тимската работа  се подобри. Децата почнаа самостојно  да ги планираат задачите и времето за нивно завршување. Новите информации ги добиваа  со трпение, набљудување и експериментирање.
Наставниците ги развија  своите вештини за планирање активности, комуникација на англиски јазик и работа со ИТ. Сето ова овозможи  креативност во извршувањето на задачите и можност за учење нови методи на работа.
Проектот започна во октомври, 2024, а заврши во април 2025

Одговорен наставник : Маја Атанасовска Спасеска




понедељак, 28. април 2025.

Извештај за реализирана настава во природа - петто одделение

Во периодот од 22.до 25.4.2025г., со учениците од Vа,б,в,г,д одд. беше реализирана настава во природа со времетраење од 4 дена и 3 ноќи, од наставно-научен и забавно- рекреативен карактер, со престој во хотел ,,Галеб" -Струга.

Во текот на наставата во природа беа посетени :Вруток, Вевчанските извори, истекот на реката Црн Дрим, природно- научниот музеј ,, Д-р Никола Незлобински", спомен куќата на браќата Миладиновци, џамијата на Мустафа Челеби, прошетка низ старата чаршија во Охрид, куќата на Робевци, црквата ,,Св.Јован Богослов Канео",Плаошник, Самоиловата тврдина, античкиот театар, Широк сокак - Битола.

Учениците научија многу за нашето културно- историско наследство. Имаа можност да ги видат и доживеат природните богатсва на нашата татковина.

Научија да се грижат за : личната хигиена и хигената на просторот во кој се движат, сопствените и заедничките потреби, другарството и меѓусебното помагање, однесувањето во музеј, црква, џамија, сообраќај...

Ни останаа многу спомени и фотографии.



Училишна претстава ,, Желба,,

На ден 24.04 во Дом на културата ,, Билјана Беличанец" се одржа училишната претстава ЖЕЛБА . Создадена со љубов и инспирирана од детските соништа. Благодарност до учесниците и родителите.

Одговорен наставник : Билјана Илиева , одделенски раководители од прво до четврто одделение.




среда, 9. април 2025.

Обука за развивање на напредни компјутерски вештини за 3Д печатење

Обука за развивање на напредни компјутерски вештини за 3Д печатење со ученици од 7мо одделение во соработка со Иноваториум клуб и ТИТАН Усје

На ден 25.1.2025 и 8.2.2025 учениците од 7а,б,в,г одделение беа на обука за развивање на напредни компјутерски вештини и 3Д печатење. Обуката беше реализирана во соработка со Иноваториум клуб и ТИТАН Усје и професори од Машинскиот факултет од Скопје. На обуката учениците беа запознаени со компјутерски програми за графичко цртање, како и со машини за 3Д печатење. Обуката се реализираше два дена. Првиот ден учениците креираа цртежи на компјутер, а вториот ден нивните креации беа испринтани на 3Д печатари.

Одговорни наставници:

Магдалена Бадарова

Марина Станоеска

Тина Пуфкова Гиевска  




уторак, 8. април 2025.

7 април - Светскиот ден на здравјето

На 7 април, Светскиот ден на здравјето, учениците од 4 г одд. од подрачно училиште  преку различни активности и едукативни работилници беа потсетени на значењето на здравиот начин на живот. Со цртање, пораки и дискусии, се истакна важноста на правилната исхрана, физичката активност и грижата за менталното здравје.

Одговорен наставник : Ирена Ѓоршевска


МИМО Краткотрајна заедничка активност „Здрава храна за детство без мана“ со партнер училиште ООУ „Алија Авдовиќ“ с. Батинци

Учениците од 3а, 3б, 3в одделение од нашето училиште заедно со своите другарчиња од училиштето "Алија Авдовиќ" од с. Батинци меѓусебно се запознаа, се дружеа, стекнаа нови знаења, вештини, вредности, непосредно учеа едни за други, со цел развивање на свест за припадност и почитување на различностите.

Во активноста беа вклучени по осум ученици од двете училишта, а за време на активноста се зборуваше на наставните јазици на кој учат учениците т.е. македонски и албански јазик. Во активноста се вклучија одделенски наставници Софија Лукровска, Билјана Стефковска и Кети Сталеска. Учениците работеа во парови, имаат за задача: Активност бр. 1 - Да обојат сликички со овошје и заленчук, да ги исечат и да ги залепат на хартиени тањирчиња. Активност бр. 2 – Да состават сложувалки со овошје и зеленчик и да создадат заедничка творба на која ги напишаа имињата на овошјата и зеленчуците секој на свој јазик. За време на работата учениците имаа можност да соработуваат, да се договараат, да комуницираат и непосредно да учат едни за други. За цело време додека траеше работилницата се зборуваше на двата наставни јазици. За одредено време учениците создадоа ликовни творби на кои со задоволство си ги напишаа и своите имиња секој на свој јазик. Гатанки се читаа на двата наставни јазици, а учениците одговорите ги даваа секој на својот јазик. На крајот од активностите следеше презентација на заедничките продукти искажана и на македонски и на албански јазик. Сите ученици меѓусебно се запознаа, другаруваа и посакаа средбата да се повтори.

Oдделенски наставник: Лукровска Софија





понедељак, 7. април 2025.

Извештај за регионалени натпревари по биологија и природни науки

На регионалниот натпревар по биологија, одржан на 28.03.2025., учествуваа

учениците: Бојан Давитковски, Руби Костовска, Теа Спасовска, Андреј Станковски (сите

од 8-г одделение), ментор Маја Младенова. По објавените конечни резултати на интернет

страната на Македонското биолошко друштво, учениците ги имаа следните постигнувања:

Бојан Давитковски - Учество

Руби Костовска - III награда

Теа Спасовска - Учество

Андреј Станковски – III награда


На регионалниот натпревар по природни науки, одржан на 04.04.2025.,

учествуваа учениците: Лејла Рушид 6-в, Михаела Трпеска 6-в, Давид Дијоски 6-а,

Анастасија Славковска 6-а, Ангела Шутковска 6-а, Стела Шоклевска 6-а, ментор Маја

Младенова. По објавените конечни резултати на интернет страната на Македонското

биолошко друштво, учениците ги имаа следните постигнувања:

Михаела Трпеска - III награда

Ангела Шутковска 6-а - III награда

Стела Шоклевска 6-а - III награда

Давид Дијоски 6-а - III награда

Анастасија Славковска 6-а - Пофалница

Лејла Рушид 6-в - Пофалница

Акција за засадување дрвца

На ден 04.04 во нашето училиште Ученичкиот парламент одржа акција за задасување на дрвца, како дел од големата еколошка иницијатива која што Општина Кисела Вода ја спроведува во сите училишта и градинки.

Одговорни наставници:

Весна Рафеска

Магдалена Бадарова







петак, 4. април 2025.

Одбележување на 2 АПРИЛ СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЛИЦАТА СО АУТИЗАМ

Денешниот датум, 2-ри април, со резолуција на Обединетите нации од 2007-ма година се одбележува како Светски ден на аутизмот. 

Ширум светот се испраќаат пораки за поголема грижа од надлежните, повисока свест од општеството, подобри услови за децата и лицата со аутизам.

Раното откривање на аутизмот и навремениот третман се многу важни за понатамошниот тек на животот, бидејќи на детето му се помага да стекне одредени социјални вештини и самостојност. 

Денес во нашето училиште го одбележавме со работилници со учениците од Ученичкиот парламент, со учениците од V-б, IV-a, III-г одделение.

Со аутизмот се соочуваме секојдевно, не само на 2 април! 

Училишен дефектолог 

м-р Адријана Кукоска