уторак, 8. април 2025.
7 април - Светскиот ден на здравјето
МИМО Краткотрајна заедничка активност „Здрава храна за детство без мана“ со партнер училиште ООУ „Алија Авдовиќ“ с. Батинци
понедељак, 7. април 2025.
Извештај за регионалени натпревари по биологија и природни науки
На регионалниот натпревар по биологија, одржан на 28.03.2025., учествуваа
учениците: Бојан Давитковски, Руби Костовска, Теа Спасовска, Андреј Станковски (сите
од 8-г одделение), ментор Маја Младенова. По објавените конечни резултати на интернет
страната на Македонското биолошко друштво, учениците ги имаа следните постигнувања:
Бојан Давитковски - Учество
Руби Костовска - III награда
Теа Спасовска - Учество
Андреј Станковски – III награда
На регионалниот натпревар по природни науки, одржан на 04.04.2025.,
учествуваа учениците: Лејла Рушид 6-в, Михаела Трпеска 6-в, Давид Дијоски 6-а,
Анастасија Славковска 6-а, Ангела Шутковска 6-а, Стела Шоклевска 6-а, ментор Маја
Младенова. По објавените конечни резултати на интернет страната на Македонското
биолошко друштво, учениците ги имаа следните постигнувања:
Михаела Трпеска - III награда
Ангела Шутковска 6-а - III награда
Стела Шоклевска 6-а - III награда
Давид Дијоски 6-а - III награда
Анастасија Славковска 6-а - Пофалница
Лејла Рушид 6-в - Пофалница
Акција за засадување дрвца
На ден 04.04 во нашето училиште Ученичкиот парламент одржа акција за задасување на дрвца, како дел од големата еколошка иницијатива која што Општина Кисела Вода ја спроведува во сите училишта и градинки.
Одговорни наставници:
Весна Рафеска
Магдалена Бадарова
петак, 4. април 2025.
Одбележување на 2 АПРИЛ СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЛИЦАТА СО АУТИЗАМ
Денешниот датум, 2-ри април, со резолуција на Обединетите нации од 2007-ма година се одбележува како Светски ден на аутизмот.
Ширум светот се испраќаат пораки за поголема грижа од надлежните, повисока свест од општеството, подобри услови за децата и лицата со аутизам.
Раното откривање на аутизмот и навремениот третман се многу важни за понатамошниот тек на животот, бидејќи на детето му се помага да стекне одредени социјални вештини и самостојност.
Денес во нашето училиште го одбележавме со работилници со учениците од Ученичкиот парламент, со учениците од V-б, IV-a, III-г одделение.
Со аутизмот се соочуваме секојдевно, не само на 2 април!
Училишен дефектолог
м-р Адријана Кукоска
понедељак, 31. март 2025.
Извештај за реализираните активности по повод патрониот празник
По повод патрониот празник на нашето училиште се реализараа различни активности во период од 24ти до 28ми Март 2025 година..
На 24ти март беше прочитан текст на одделенските часово за патронот Рајко Жинзифов.
На 25ти март – спортски ден, беа одиграни меѓуодделенски натпревари во фудбал, кошарка и одбојка во централното и подрачното училиште.
На 26ти март – учениците имаа литературно читање и драматизација на народната приказна “Кривина и Правина”.
Исто така беше реализирана и проектна активност по предметот историја – “Рајко Жинзифов и други македонски преродбеници”.
На 27ми март се реализираше ликовно творење на тема “Заедно го градиме нашето гнездо”.
На 28ми март свечено беше откриена спомен плочата на Рајко Жинзифов и беа доделени дипломи, пофалници и сертификати на наградените ученици од литературниот и ликовниот конкурс, како и од лего натпреварот и меѓународната олимпијадата по англиски јазик.
Тим за јавна и културна дејност
Одговорен наставник –Александра Колевска
четвртак, 27. март 2025.
Македонските преродбеници создавачи на нашето гнездо
По повод неделата на одбележување на Патрониот празник на нашето училиште денес Среда (26.III.2025) со ученици од 8б и 8г одделение се одржа проектна активност. Во согласност со нашето мото оваа година: “Заедно го градиме нашето гнездо” активноста беше замислена и насловена: ”Македонските преродбеници создавачи на нашето гнездо”. Со активноста на креативен начин на хамер се претставени Рајко Жинзифов и други значајни македонски преродбеници. Освен автентични слики од личностите, нивните дела, цртежи, и текстуални информации новина оваа година беше и употребата на вештачката интелигенција (ВИ) во делот на реконструкција во боја (можен замислен изглед) на претставените македонски преродбеници.
Одговорен наставник : Димитар Чоковски
понедељак, 24. март 2025.
21 Март Светски ден на Екологијата
Сите планирани еко-активности беа успешно реализирани со активна вклученост на учениците од предметна настава од 6-9одд . Преку креативни задачи, средување на училишниот простор и еко-акции, сите учесници покажаа посветеност кон зачувување на природата и развивање на еколошката свест.
ПРЕГЛЕД НА АКТИВНОСТИТЕ ПО ДЕНОВИ
ДЕН 1 (среда 19.03.2025) – Креативни еко-пораки и уредување на еко-пано
√Учениците изработија еко-песни, пароли и пораки за заштита на природата.
√Изработено е еко-пано со креативните творби на учениците.
√Учениците научија како преку уметност можат да ја изразат својата љубов кон природата.
ДЕН 2 (четврток20.03.2025) – Средување на холот, садење растенија и креативни работилници
√Учениците учествуваа во чистење и уредување на училишниот хол.
Поставени се нови постери со еко-пораки и природни мотиви.
√ Засадени се нови цвеќиња и освежени се постоечките растенија во холот.
√ Организирани креативни работилници за изработка на предмети од рециклирани материјали (цветови од хартија, пластични шишиња, пластични цевки,стаклени вазни тегли, масичка од картонска кутија обложена со искористена украсна хартија и итн).
√ Холoт доби нов еко-изглед, што дополнително ги мотивира учениците за грижа кон природата.
ДЕН 3 (петок21.03.2025) – Чистење на училишниот двор
√ Учениците беа поделени во тимови за чистење на различни делови од дворот.
√ Селектиран е отпадот за рециклирање (пластика, хартија и стакло).
Оваа иницијатива нека служи како поттик за идни еко-акции кои ќе продолжат да го унапредуваат училишниот амбиент и свеста за екологијата.
Благодарност до сите наставници и ученици кои учествуваа во активностите!
Датум: 21.03.2025
Подготвил: предметен наставник по Биологија Билјана Наунова
Извештај од 21Март- Денот на Екологија
Учениците од прво до деветто одделение ја одбележаа оваа Еко недела и ја пречекаа пролетта со низа активности како уредување на училницата и училишните холови со пролетни мотиви, Еко пораки и лични творби. Денес учениците од четврто до деветто одделение посветија еден час на чистење на училишниот двор од отпадоци , окопување дрвца и цвеќиња упатувајќи порака до сите дека сме дел од природата и сме одговорни за неа.
Реализатори: Наставници од прво до деветто одделение
Одговорен наставни: Светлана Жежовска
ИЗВЕШТАЈ ЗА ДЕНОВИТЕ НА ЕКОЛОГИЈАТА
Во рамките на годишната програма за активности и како дел од еко-проектот во нашето училиште ООУ „Рајко Жинзифов“ нас. Драчево и подрачното училиште во Пинтија, во текот на месецот Март се реализираа Деновите на екологијата со цел подигнување на еколошката свест кај учениците и нивно активно вклучување во зачувување на животната средина.
Цели на активностите
RПоттикнување на еколошка свест и одговорност кај учениците. RПромовирање на еко-навики за почиста средина. RПоттикнување на тимска работа и ученичка иницијатива. RПодобрување на естетиката на училишниот двор и околината.
Реализирани активности по денови:
ДЕН 1 (среда 19.03.2025) – Креативни еко-пораки и уредување на еко-пано
√Учениците изработија еко-песни,цртежи, пароли и пораки за заштита на природата.
√Изработено е еко-пано со креативните творби на учениците на тема екологија
√Учениците научија како преку уметност можат да ја изразат својата љубов кон природата.
ДЕН 2 (четврток 20.03.2025) – Средување на холот, садење растенија и креативни работилници
√Учениците учествуваа во чистење и уредување на училишниот хол.
Поставени се нови постери со еко-пораки и природни мотиви.
√ Засадени се нови цвеќиња и освежени се постоечките растенија во холот.
√ Организирани креативни работилници за изработка на предмети од рециклирани материјали (цветови од хартија, пластични шишиња, пластични цевки,стаклени вазни тегли, масичка од картонска кутија обложена со искористена украсна хартија и итн).
√ Холoт доби нов еко-изглед, што дополнително ги мотивира учениците за грижа кон природата.
ДЕН 3 (петок 21.03.2025)– Чистење на училишниот двор
√ Учениците заедно со наставниците беа поделени во тимови за чистење на различни делови од дворот
√ Селектиран е отпадот за рециклирање (пластика, хартија и стакло).
Оваа иницијатива нека служи како поттик за идни еко-акции кои ќе продолжат да го унапредуваат училишниот амбиент и свеста за екологијата.
Деновите на екологијата беа успешно реализирани со активно учество на учениците, наставниците и училишната заедница. Активностите придонесоа за зголемување на свеста за заштита на животната средина и поттикнаа ученичка иницијатива за одржување на чиста и здрава околина.
За наредната година, предлагаме воведување на уште повеќе интерактивни активности како училишен еко-саем, истражувачки проекти и соработка со локални еколошки организации.
Координатор на еколошките активности
(Билјана Наунова предметен наставник по Биологија)
Директор
(Доц. Д-р Горанчо Јакимов)
понедељак, 17. март 2025.
Посета на Меѓународниот аеродром Скопје
Светскиот ден на математиката
понедељак, 3. март 2025.
Извештај од реализирана работилница – Во овој убав свет има место за секој редок цвет
Учениците од IV б одделение го одбележаа 28 Февруари- Меѓународниот ден на лица со ретки болести и заедно со дефектологот Андријана Куковска учествуваа во работилница посветена на децата со ретки болести. Тие прво се запознаа дека во светот постојат околу 6000 видови ретки болести од кои 70 проценти од вкупниот број болни се деца. Исто така дознаа повеќе за ретката болест Дравет синдром од која боледува нивното другарче во одделението со цел да се развива свест, разбирање, љубов и емпатија за подршка на овие болни деца под мотото:,, ВО ОВОЈ УБАВ СВЕТ ИМА МЕСТО ЗА СЕКОЈ РЕДОК ЦВЕТ "
Одговорен наставник: Светлана Жежовска
Дефектолог: Андријана Куковска
Интернационален натпревар FIRST LEGO League Challenge
Интернационалниот натпревар FIRST LEGO League Challenge еден од најпрестижните STEM натпревари во светот, во организација на Академијата за Роботика и Иновации.
Оваа година со поддршка на Општина Кисела Вода учество на натпреварувањето по едукативна роботика на тема „Истражување на океаните“ зема и нашето училиште кое за прв пат учествуваше на овој Интернационален натпревар и освои ТРЕТО место за Иновативен проект.
Трудот, посветеноста и тимската работа ни донесоа многу убави моменти исполнети со емоции и неизмерна среќа.
Тимот на нашето училиште го сочинуваа 9 (девет) ученици-Калина Коларовска (8a), Константин Димишковски (8a), Борјан Стаменкоски (8a), Филип Начов (8г), Никола Станоески (7a), Руби Костовска (8г), Андреј Станковски (8г), Ева Ѓорѓиевска (8б) и Јована Стојановска (8б) и двајца ментори- Маја Лошанска Тодоровска и Магдалена Бадарова.
Учениците во тимот беа поделени на конструктори, програмери, истражувачи, креатори на презентација. Најпрво учениците ги изработија Лего фигурите за мисиите. Програмерите истражуваа документација за работата на моторите и сензорите на роботот, документација за кодирање, планираа, го изработија роботот и го тестираа. Истражувачкиот дел од тимот ги истражувше океаните, избра актуелен проблем кој треба да се реши, бараше можни решенија на проблемот, ги избра најдобрите решенија и смисли стратегија за имплементација на истите. Беше изработена макета од стиропор и фигури од хартија и пластелин која визуелно го претставува проблемот и решенијата. 1.3.2025
Одговорни наставници:
Маја Лошанска Тодоровска
Магдалена Бадарова
Одбележување на 28 февруари СВЕТСКИОТ ДЕН НА РЕТКИТЕ БОЛЕСТИ
Со учениците од IV-б одделение го одбележавме Светскиот ден на лицата со ретки болести. Имавме пригодна работилница посветена на лицата со ретки болести во која учениците се запознаа дека во светот постојат околу 6000 видови ретки болести од кои 70 проценти од вкупниот број се деца. Учениците дознаа повеќе за Дравет синдромот од кој боледува нивниот соученик, со цел да развиеме што поглема емпатија, свест, разбирање, љубов, поддршка кон овие лица под мотото:
„ВО ОВОЈ УБАВ СВЕТ ИМА МЕСТО ЗА СЕКОЈ РЕДОК ЦВЕТ“.
Одговорни:
Светлана Жежовска
м-р Адријана Кукоска
































.jpg)
















