петак, 17. новембар 2023.

Избор на ученички правобранител

 

На ден 8.11.2023 година во централното училиште се реализираше гласање за ученички правобранител. Гласањето за ученички правобранител во подрачното училиште се реализираше во петок на ден 10.11.2023 година. Во изборот учествуваа ученици од VII, VIII и IX од централното и подрачното училиште. Гласањето се одвиваше тајно и анонимно. За потребите на изборите, комисијата испечати ливчиња со имињата на кандидатите за ученички правобранител и неговите заменици. Симулирајќи, вистински процес на избори, секој гласач го доби ливчето и го заокружи тајно и го стави во кутијата за избори.

Кандидатите за ученички правобранител за кои гласаа ученици од VII, VIII и IX одделение се:

1.     Теофанија Велјанова од IX – г одделение од подрачното училиште во Пинтија;

2.     Ангела Спасовска од VIII – б одделение од централното училиште во Драчево;

3.     Андреј Станковски од VII – г одделение од подрачното училиште во Пинтија.

По завршување на гласањето комисијата јавно ги преброи гласовите.

Најголем број на гласови од централното и подрачното училиште доби кандидатот Теофанија Велјанова од IX – г одделение со што е избрана за ученички правобранител. Андреј Станковски од  VIII – г одделение и Ангела Спасовска од VIII – б одделение избраници се за заменици на ученичкиот правобранител.



Одговорни

психолог Бранка Бранковиќ Стојковиќ

дефектолог Адријана Кукоска

педагог Весна Рафеска

Ден на ослободувањето на Скопје

 

Учениците од VIII г одд.под менторство на наставникот Александра Милчева со низа творечки активности го одбележаа 13 Ноември,ден на ослободувањето на Скопје.

Децата посакаа:

Повеќе зеленило за сите!

Повеќе училишта !

Здрав и мирен живот !

Да живее слободно Скопје!

Да живее слободна Македонија !

 




Одговорни

Библиотекар Александра Милчева

среда, 1. новембар 2023.

ТЕХНИКИ ЗА УСПЕШНО УЧЕЊЕ

 

Согласно годишните планирања на стручните соработници педагог и психолог во текот на месеците октомври 2023 г. во  VI - a, б, в и г одд. во централното  и подрачното училиште беа реализирани работилници со презентација на тема  „Техники за успешно учење“. Работилниците имаат интерактивен карактер.

            Целта на работилницата: кај учениците да се развијат вештини за самостојно учење, да умеат да го препознаат сопствениот начин/стил на учење и „да научат како да учат“.




Одговорни:

училишниот педагог Весна Рафеска

училишниот психолог Бранка Бранковиќ Стојковиќ