Во духот на традицијата и пролетната радост, нашето училиште зема учество на Цветно дефиле по повод празникот Ѓурѓовден организиран од Општина Кисела Вода. Настанот беше исполнет со насмевки и креативност, а учениците уште еднаш покажаа колку умеат да ја негуваат убавината на обичаите.
На дефилето учествуваа ученичките од III б, III в, II а, II б и II в одделение, кои се претставија со прекрасни цветни венчиња и внимателно подготвени комбинации инспирирани од пролетта. Нивната енергија, елеганција и ведрина создадоа вистинска празнична атмосфера.
Настанот беше збогатен со музика, дружење и позитивни емоции. Цветното дефиле уште еднаш потврди дека традицијата продолжува да живее преку младите генерации, кои со љубов и гордост ја негуваат.
Со вакви активности, не само што се одбележува празникот, туку и поттикнува заедништво, креативност и почит кон културното наследство.





Нема коментара:
Постави коментар
Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.