четвртак, 7. мај 2026.

МИО работилница за Лековитите растенија во нашата околина и нивна примена

 Денес 06.05.2026 се одржа средба во соработка со партнерското училиште ООУ ,,Дитурија"Драга Стојановска" од с.Чифлик општина Сопиште во рамки на МИО проектот(Меѓуетничка Интеграција во образованието). Беше реализирана работилница за Лековитите растенија во нашата околина и нивна примена. Учествуваа ученици од 7,8,9,одд. Мирисот на лековити билки, љубопитните детски прашања и вредните раце создадоа вистинска мала ботаничка приказна. Учениците истражуваа , набљудуваа, допираа, и учеа преку искуство-токму онака како што не учи природата.Со подршка на експерти од Ботаничката градина при ПМФ (Природно- Математичкиот факултет) тие открија како се препознаваат растенијата,како се изработува хербариум и како изгледаат растителните делови под микроскоп.На крајот, нивниот труд доби форма- прекрасен хамер со лековити билки од нашата околина, кој останува како сведоштво за нивната работа, креативност и љубов кон природата.

Наставници по Биологија и Природни науки

Билјана Наунова

Маја Младенова







Нема коментара:

Постави коментар

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.