“Collect and create”
Земји
учеснички во преоектот: Македонија, Турција, Шпанија, Грција, Романија, Јордан
eTwinning проектот “Collect and
create” има за цел да им овозможи на
учениците од собрани и рециклирани материјали да креираат забавни игри со цел
да ги зајакнат нивните мисловни вештини и комуникацијата во семејството и со
пријателите играјќи ги овие игри. Проектот исто така има за цел учениците да ги
подобрат своите дигитални вештини користејќи Web2.0 алатки. Во проектот се
вклучени ученици од 6 а, б, в, 7 а, 8 а,
б, в и 9 а одделение.
Период за реализација на проектот е
од октомври 2023 до мај 2024 година.
Предвидени активности кои ќе се реализираат се изработка на лого и постер за проектот, online средби со наставниците и учениците од земјите учеснички, креирање на игри од рециклиран материјал, користење на Web2.0 алатки за креирање на игри, одбележување на значајни датуми поврзани со интернет, учество во заеднички работилници со учениците од земјите учеснички,
“Our
Movies”
Земји
учеснички во преоектот: Македонија, Турција, Португалија, Полска, Хрватска
eTwinning проектот “Our Movies” има за цел да ги научи учениците за различни
видови филмови, за луѓето кои се вклучени во процесот на креирање и снимање на
филмовите. Учениците ќе можат да создадат свој филм, ке конструираат филмски
лик за анимирана приказна. Исто така учениците ќе организираат и филмски
фестивал во своите училишта. Ќе ги зајакнат своите креативни вештини и меѓусебна комуникација со
пријателите креирајќи сценарио. Проектот исто така има за цел учениците да ги
подобрат своите дигитални вештини користејќи Web2.0 алатки.
Во
проектот се вклучени ученици од 6 а, б, в, 7 а,
8 а, б, в и 9 а одделение.
Период за реализација на проектот е
од ноември 2023 до април 2024 година.
Предвидени активности кои ќе се реализираат се изработка на лого и постер за проектот, online средби со наставниците и учениците од земјите учеснички, пишување сценарио, користење на Web2.0 алатки за пишување сценарио, одбележување на значајни датуми поврзани со интернет, учество во заеднички работилници со учениците од земјите учеснички,
“Dive
with dolphins”
Земји
учесници на проектот: Македонија, Турција, Италија, Грција, Шпанија, Хрватска,
Србија, Полска
eTwinning
проектот “Dive with dolphins” има за цел
да ги поттикне учениците да истражуваат за делфините нивните карактеристики и
живеалиште. Училиштата ќе заклучат дека иако се на далечни и различни места во
Европа, нивните карактеристики се многу слични и се корисни за да може делфинот
да ги насели сите овие средини. Затоа имаме заедничка задача, да се грижиме за
оваа средина за да може нашиот делфин да живее во неа. Ќе работиме на различни
типови текстови: описи, презентации, информативни и експозитивни текстови, и
усно и писмено. Со оглед на карактеристиките на учениците, по можност тие ќе
бидат орални. Учениците ќе го именуваат делфинот и ќе „патуваат“ со него,
знаејќи ги различните земји каде што ќе застане. На овие постојки ќе научиме за
нивните плажи, како да ги заштититиме и
зачувуваме. Проектот исто така има за цел учениците да ги подобрат своите
дигитални вештини користејќи Web2.0 алатки.
Во
проектот се вклучени ученици од 6 а, б, в, 7 а,
8 а, б, в и 9 а одделение.
Период за реализација на проектот е
од декември 2023 до април 2024 година.
Предвидени активности кои ќе се
реализираат се изработка на лого и постер за проектот, online средби со
наставниците и учениците од земјите учеснички, користење на Web2.0 алатки за пишување сценарио,
одбележување на значајни датуми поврзани со интернет, учество во заеднички
работилници со учениците од земјите учеснички.
наставници по англиски јазик:
Магдалена Бадарова и Анета Макревска
Нема коментара:
Постави коментар