На часот по македонски јазик на 15.12.
2023 година во нашето одделение IIIб, имавме поканет гостин - родител Аница
Живковиќ која во улога на наставник на креативен и интересен начин придонесе да
се реализира обработката на лектирата
Шеќерна приказна од Славко Јаневски.
Нашата Шеќерна приказна започна со
слаткарот Марко , а заврши со слаткарката Аница Живковиќ, родител која во улога
на наставник на многу интересен и креативен начн успеа да ја разбуди скриената
детска фантазијата и неосетно да ги внесе дечињата во светот на шеќерната
сказна. Занесени во работилница го изработија Шеќерното дете и на хамер и со
нивните вредни рачиња трудољубиво и внимателно создадоа преубави, вкусни
шеќерни деца кои ни го разубавија часот и создадоа прекрасни спомени за еден
лик од детската литература кој долго ќе се памти. Голема благодарност до
родител Аница Живковиќ, која со многу љубов и трпение несебично и креативно им
овозможи на учениците од трето б одделение да се чувствуваат среќно и задоволно
и да имаат несекојдневен и незаборавен час.
Одговорен наставник
Светлана Жежовска
Нема коментара:
Постави коментар