Учениците од IV-б и V-б одделение во рамките на слободните ученички активности реализираа креативна новогодишна работилница, во која изработуваа декоративни новогодишни подароци – венчиња за на глава, за сите ученици од прво одделение.
Активностите се реализираа во позитивна работна
атмосфера, учениците работеа во групи и парови. Меѓусебно си помагаа и
соработуваа, а резултат беа прекрасните креации од учениците од двете
одделенија, кои ќе ги красат главчињата на малите првачиња за време на
новогодишната приредба.
Одговорни наставници:
Мануела Маркоска и
Виолета Николин
Нема коментара:
Постави коментар