Да се биде дете е прекрасно и весело. А,
да се биде ученик е значајно животно искуство на сите деца. Период кога се
развива и учи социјализацијата со и преку околината и се развива личноста преку
секојдневно учење на нови нешта. Па така по повод приемот на децата во Детската
организација во октомвриската седмицата посветена на децата учениците од нашето
училиште цела седмица организираа различни активности, а другарчињата од второ
одделение од централното училиште им приредија весела приредба под мотото „Јас
и светот околу мене“ на првачињата кои свечено дадоа заклетва дека ќе бидат
добри деца и ученици и се закитија со детски беџови и пасоши.
Одговорен наставник
одделенски наставник Кети Сталеска
Нема коментара:
Постави коментар