среда, 13. септембар 2023.

Учество во второто издание на Фестивалот за инклузија на тема „Културни политики за инклузијата"

 

Здружението за едукативни и хуманитарни активности „Визија Плус“ и  здружението за активно вклучување и соодветен третман на лицата со попреченост  „Икуалити“    под покровителство на Општина Кисела Вода  го организираа Фестивалот за инклузија на тема "Културни политики за инклузијата". Фестивалот беше организиран во период од  7 до 10 септември 2023 година во паркот „Македонија", пред Домот на култура „Билјана Беличанец”.

Во богатата програма во рамките на четиридневниот Фестивал беше понуден голем избор на настани во вид на различни изложби, дискусии, работилници, проекции на филмови и концерти.

На 8 Септември под менторство на Соња Димовска се реализираше детската работилница – цртање на тема „Што е среќа?”,  во која освен деца со и без попречености и нивните придружници,  учествуваа и училишниот дефектолог Адријана Кукоска и училишниот психолог Бранка Бранковиќ Стојковиќ.  


На 9 септември беше одржана јавна дебата на тема: „Колку ресурси се потребни за општината да биде инклузивна?“.  Свое стручно излагање и активно учество во дебатата имаше директорот на училиштето ООУ „Рајко Жинзифов“ доц. д-р Горанчо Јакимов кој поентираше на клучните прашања поврзани со инклузијата.





Нема коментара:

Постави коментар