уторак, 19. септембар 2023.

Хуманитарната акција „За Алексеј“ во ООУ „Рајко Жинзифов“ успешно заврши

 

    Хуманитраната акција „За Алексеј“ во ООУ "Рајко Жинзифов" која траеше од 11.9.2023 до 15.9.2023  успешно заврши.

    Во соработка со Општината Кисела Вода и согласно програмата на Подмладокот на Црвениот крст оваа хуманитарна акција на нашето училиште беше наменета за тригодишниот Алексеј кој боледува од ретка болест хипоксична енцефалопатија, сѐ со цел да се соберат потребни парични средства за неговото лекување.


    Од оваа акција во нашето училиште беа собрани околу 20.000 денари, со што ООУ "Рајко Жинзифов" даде скромен придонес во понатамошно лекување на малиот Алексеј. Паричните средства од хуманитарната акција беа собрани со помош на родителите и вработените од ООУ "Рајко Жинзифов". 


    Благодарност до сите оние кои земаа учество во оваа хуманитарна акција, со надеж  Алексеј да има среќно и безгрижно детство, а ООУ Рајко Жинзифов" и во иднина како и досега ќе продолжи со хуманитарни акции и донации во текот на целата година. 



Нема коментара:

Постави коментар