5-ти Октомври- Светски ден на учителите
-Добриот наставник е како свеќа - се троши себеси за да им го
осветли патот на другите.
- Врховната уметност на наставникот е да ја разбуди радоста во
креативното изразување и знаење.
- Потребно е големо срце за да се помогне во обликувањето на
малите умови.
-Во наставата не можете
да го видите плодот на дневната работа. Тој е невидлив и останува таков можеби
дваесет години.
- Наставниците можат да го променат животот на учениците со
правилна мешавина од креда и предизвици.
- Оние што добро ги едуцираат децата треба да бидат почестени
повеќе од родителите, затоа што тие им даваат
живот, а наставниците ја даваат
уметноста на доброто живеење.
Почитувани колеги, наставнички, учителки, професори,
професорки...
Вие кои секојдневно несебично едуцирате
и давате знаење, трпеливо воспитувате, искрено мотивирате, им го
отворате прозорецот на најмладите во нов
и поубав свет, преземате огромна одговорност за секој ученик поединечно,
подготвено одговарате на сите стари, но и на новите
сложени предизвици со кои се соочувате, посветено и темелно работите занемарувајќи
ги сите несовршености на опкружувањето...
Сите вие останете горди и непоколебливи, затоа што вашата
професија иако е една од најодговорните и најтешките, таа
облагородува и оплеменува. Вие
заслужувате секогаш да бидете на врвот од сите височини!
НЕКА Е ЧЕСТИТ И ВЕКОВИТ ДЕНОТ НА УЧИТЕЛОТ!
Одговорни наставнички/одделенска настава: Сузана Трајкоска,Ивана Илијевска Огњановска
Учениците од 6 до 9 одделение од основното
и подрачното училиште го одбележаа 5 Октомври - ден посветен на учителот,
наставникот и професорот. Активностите на учениците се состоеја од пишување на
лични творби, изработување на паноа и нивно презентирање како и литературно
читање на дел од творбите. Учениците исто така подготвија реферат за овој голем
светски ден кој беше интерпретиран преку училишната разгласна станица. Од
личните творби на сите ученици - учесници ќе биде изработена збирка. Учениците
работеа под менторство на наставниците по македонски јазик: Мишевска Љуба,
Коларовска Каролина и Елена Ристевска
Збирката можете да ја видите/симнете во училишниот google drive на:
https://drive.google.com/drive/folders/1fo81pHFdt5g-cUmYPJ8bJKfb24fs8eXL
Нема коментара:
Постави коментар