Во текот на изминатите две недели беше
реализирана хуманитарна акција во нашето училиште, по повод неделата на гладта
(16.10 - 22.10).
Во соработка со Црвениот крст, централното
и подрачното училиште се организираа и од 12.10.2021 (вторник), отпочнаа со
акцијата за собирање на парични средства, прехрамбени и хигиенски производи. За
таа цел во централното и во подрачното училиште беа поставени штандови, кои беа
означени како места на кои може да се остава донираната храна и хигиенски
производи. Паричните средства се собираа во специјално означени и запечатени
кутии.
Акцијата помина многу успешно, беа вклучени
голем број ученици кои донираа и учествуваа во собирањето на прехрамбени и
хигиенски производи. Дел од собраните прехрамбени и хигиенски производи, беа
донирани на ученик од седмо одделение од подрачното училиште. Останатиот дел од
собраните парични средства и производи беше даден во Црвениот Крст, каде што
потоа се подели на семејствата кои се од ранлива категорија.
Одговорни лица за овој
проект беа Сандра Трпчевска Мирческа и Билјана Милутиноска.
Акцијата помина во најдобар ред, одговорните лица беа особено задоволни од одзивот, од собраните продукти и средства.
Нема коментара:
Постави коментар