По
повод националниот празник на унгарскиот
народ кој се одбележува на 15 март во соработка со општина Кисела Вода, беше
објавен литературен конкурс на тема: „Патриотската поезија на Шандор Петефи“.
Ученикот Матеј Колигов од 7-а одделение ја доби првата награда за најдобра
поетска творба и по тој повод беше поканет на свечениот прием од Унгарската амбасада заедно со својот ментор
Мишевска Љуба и директорката Љубица Наумовска. Исто така во н. Драчево беше
положено цвеќе на спомен-плочата на Шандор Петефи од страна на амбасадорот и
градоначалникот на општината. Ученикот беше повикан да ја интерпретира својата
творба каде му беше врачена дипломата и пригодни подароци.
Одговорен наставник по
македонски јазик Мишевска Љуба
Општински и
регионален натпревар по математика
На
регионалниот натпревар по математика кој се одржа на 13.3.2021 година ученикот Јан Петрушески од V а одделение освои
второ место, а ученикот Александар Муриќ доби пофалница.
Нема коментара:
Постави коментар