понедељак, 8. март 2021.

8 Март - Денот на жената

 

8 Март - Денот на жената

 

Учениците од  VI и  VII oдделение и овој пат посакаа низ стихови да ја пренесат љубовта кон својата мајка, но и да го честитаат празникот 8 Март - Денот на жената, на сите припаднички на понежниот пол.

Учениците твореа под менторство на наставничката Мишевска Љуба, а од нивните творби во училишната библиотека беше изработена збирка која можете да ја погледнете или превземете од учлишниот google drive во папката: „ЗБИРКИ – лични творби на ученици“ на следнава адреса: https://drive.google.com/drive/folders/1fo81pHFdt5g-cUmYPJ8bJKfb24fs8eXL


Еве и дел од творбите објавени во збирката:








Пробно тестирање за меѓународна студија- ПИРЛС, читање со разбирање

 

         Во текот на учебната 2020/21 година во соработка со БРО и МОН повеќекратно сите четврти одделенија се спремавме, така што одржувавме повеќе часа со ослободени текстови од ПИРЛС и за истите правевме анализа и праќавме соопштенија. Од сите четврти одделенија по случаен избор беше назначено IV/г одделение да биде дел од тестирањето. На 2.3.2021г вторник, учениците од IV/г учествуваа на пробното тестирање за меѓународната студија ПИРЛС, читање со разбирање, со согласност на родителите. Постоеше неизвеснот и возбуда, но и задоволство. Се спремаме за главното тестирање кое ќе се одржи во месец април. Драги мои ученици ви посакувам успех.

Одделенски наставник на IV/г одд. и наставник – кординатор: Кети Сталеска.

Училишен кординатор- педагог: Весна Рафеска.

Тестатори:  Даниела Костадинова и Кристина Никчевска.

Заменици тестатори: Ивана Илиевска- Огњановска, Богданка Пановска.

Наставници кои ги прегледуваа тестовите:  Елена Стојановска, Ана Јаневска, Билјана Илиева.

Во текот на тестирањето присуствуваше набљудувач, лице преставник од БРО. 




ЈАС И МОЕТО НОВО ДРУГАРЧЕ – НИЕ СМЕ СЛИЧНИ И РАЗЛИЧНИ

             На 26.02.2021 г. петок, IV/г, одделенскиот наставник Кети Сталеска во соработка со IV/в и нивната наставничка Ана Јаневска, одржавме заеднички час по македонски јазик на тема „Јас и моето другарче – ние сме слични и различни“, интерна МИМО активност. Часот го започнавме со игровна активност. Учениците имаа подготвено црвено и зелено картонче со ДА и НЕ и имаа задача да даваат свое објаснување дали се согласуваат или не со одредено тврдење поврзано со другарството. Потоа разговаравме и заедно, си разменувме мислења што е важно за да започне едно ново другарство. Потоа учениците од двете одделенија презентираа делови од својата култура и потекло. Дел од учениците беа облечени во традиционална облека, дел во модерна секојдневна облека. Некои ученици истражувале и подготвиле презентации и постери кои ги презентираа. Имаше и ученици кои со помош на своите родители подготвиле традиционални јадења. Исто така учениците прикажаа и делови од своите соби каде беа уредени сценски со традиционални елементи, но и модерно. Разговаравме и ја опишувавме различната традиција, култура, верувања, но и најважните детски желби поврзани со социјализацијата (другарувањето). Учениците самостојна изведоа заклучок дека всушност сите деца се исти и посакуваат исти нешта. Разликите се само начини на размислувања и верувања кои пренесувајќи се од колено, на колено прераснале во традиција. И во сите нив има позитивности кои може само да ни го разубават животот додека другаруваме. На крајот од часот слушавме музика која не развесели и по малку срамежливо танцувавме. На овој час ни гостуваа директорката Љубица Наумовска, педагогот Весна Рафеска и дефектологот Андријана Кукоска. Дополнително со учениците од IV/г активноста ја интегриравме со часот по ликовно образование каде од различни зрнести материи направивме уметнички творби со деца облечени во традиционална облека. Задоволството беше големо и учениците од двете одделенија посакаа да имаме повеќе вакви заеднички часови. Активностите од часот може да ги погледнете прикажани во видео на следниот линк https://www.facebook.com/ucenjeprekuigra/videos/2904800866416149













Нема коментара:

Постави коментар