На 26.1.2021г., вторник, во 4-г одд. на часот по природни науки ни гостуваше родителот Славе Тримчески, електротехничар и татко на Михаела Тримческа. Тој сподели многу информации за струјното коло, компонетите со кои се формира струјното коло и нивната функција. Учениците со задоволство го слушаа неговото предавање и поставуваа различни прашања. Гледавме подготвена презентација од наставникот и споредувавме и ги објаснувавме струјните кола, дали функционираат или не и од кои причини, кои компоненти недостасуваат или како влијае врз струјното коло ако има две батерии или пак две светилки. Часот го одржавме преку платформата Microsoft Teams.
Одделенски
раководител: Кети Сталеска
Родител во улога на наставник - Учиме за електромагнети
Откако се запознавме
со струјното коло, почнавме да ги истражуваме магнетите и нивната улога,
функција и намена. На 10.03.2021г. среда по втор пат ни се приклучи родителот
Славе Тримчески, татко на Михаела Тримческа, во улога на наставник и ни раскажа
интересни факти за електромагнетите. Притиоа на самиот час создаде елетромагнет
и ни покажа како тој функционира.
Нема коментара:
Постави коментар