Во рамките на проектот „Образование за вработување во
Северна Македонија“, финансиран
од страна на Швајцарската Агенција за Развој и Соработка, претставници од
Филозофскиот факултет во Скопје, професори од Филозофскиот факултет се ангажирани
како експерти во делот на вклучување ученици со попреченост од редовните, посебните основни и средни училишта од
државата. На 5 февруари – петок, со почитување на сите мерки за
заштита од Вирусот Ковид-19, експертите остварија посета во нашето
училиште и поразговараа со учениците со
попречност со цел вклучување во идни активности поврзани со процесот на
образование, афирмација на средните стучни училишта. По разговорот на учениците им
беше поделен промотивен материјал и беше договорена и понатамошна соработка.
Дефектолог: Адријана Кукоска
Нема коментара:
Постави коментар