На 25.10.2019 година, во нашето
училиште за првпат оваа година се одржа Отворениот ден по граѓанско образование
кој беше посветен на ораторството како вештина на убаво говорење.
Во проектот беа вклучени
учениците од деветто одделение кои во нивните говори опфатија теми од
актуелниот општествен и социјален живот. Преку нивните излагања имавме можност
да се потсетиме на некои основни вредности како детските права, еднаквоста,
правото на слободна мисла, инклузијата но и да се замислиме околу некои горливи
проблеми како насилството во училиштата односно булингот, дискриминацијата и
бездржавјанството.
Како говорници на настанот
настапија: Емељ
Чико, Адела Елесковиќ, Горјана Јаковлеска, Јована Николовска, Михаела Петрова,
Милена Илијевска, Јана Костадиновска, Ива Тасевска, Ајла Беровиќ, Јана Велкоска
и Амра Ќосовиќ под раководство на наставничката по граѓанско образование
Валентина Јанкоска.
На настанот присуствуваа гости
од Бирото за развој на образованието, претставници од општина Кисела Вода,
родители, наставници и ученици од нашето училиште.
Успешноста на овој настан само
уште еднаш докажа дека нашето училиште е богато со ученици кои воодушевуваат со
својот талент и за кои се надеваме дека овој настан ќе биде само поттик да го
развиваат својот талент и да прераснат во млади интелектуалци, одлични
говорници и носители на прогресивна мисла со кои училиштето ќе се гордее.
На крајот на Отворениот ден беа
доделени благодарници на учениците што земаа учество од страна на уличишниот
педагог Весна Рафеска и истиот се заокружи со коктел каде гостите имаа можност
да разменат мислења за самиот настан.
Нема коментара:
Постави коментар