На самиот почеток на учебната 2019/2020 година во рамките
на секоја паралелка на демократски начин се избираат претседател и заменик
претседател во паралката. Учениците избрани во паралелките се членови на
Ученичкиот парламент. Членовите на Ученичкиот парламент на првоит состанок беа повикани од директорот на училиштето
Љубица Наумовска и на најдемоктатски начин и според јасни критериуми ги избраа
Претседателот и Ученичкиот правобранител:
I-V одд. Претседател Андреј Јаневски ученик во 5-в одд.
VI-IX одд. Претседател Ива
Тасевска ученик во 9-а одд.
За ученички правобранител членовите од Ученичкиот парламент по пат на тајно
гласање го избраа Никола Десковски од VIII-б одделение.
ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ ЗА РАБОТА НА УЧЕНИЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ:
-да се поттикнува и развива кај учениците смисла за иницијатива,
согледување, поставување и решавање на заедничките проблеми во својата средина;
-да придонесува за развивање и негување на другарски
однос меѓу учениците;
-да се потикнуваат учениците да го чуваат угледот на
училиштето, да го одржуваат редот и дисциплината во него, почитување на куќниот
ред на училиштето;
-да се развива свест за постојана соработка со
наставниот кадар во училиштето;
-да придонесува во организирањето и спроведувањето на
културно-забавни и рекреативно-спортски активности;
-поттикнување, организирање и реализирање на активности од хуман карактер,
екоошки активности и општествено корисна работа.
Одговорни: Весна Рафеска, Адријана Кукоска и Валентина Јанкоска
Нема коментара:
Постави коментар