Во
рамките на одбележувањето на Детската недела која
оваа година се одбележа под мотото „Имаме право на среќно детство!“, нашето училиште и оваа година реализира низа
активности:
7.10.2019г. (понеделник) – Запознавање на учениците со програмата за
работа на Детската организација при нашето училиште и читање на одредбите од
Конвенцијата за правата на детето;
8.10.2019г
– (вторник) – „Моите
права, моите обврски“ - Изработка на апликации „рачиња“ - пишување мои права,
мои обврски;
9.10.2019г
– (среда) - Ликовна работилница –
Печатење „Отпечаток од рака“;
10.10.2019г
– Свечена приредба по повод прием на првачињата во Детската организација и
давање на свечено ветување од страна на учениците со што станаа членови
на Детската организација.
Нивното зачленување беше свечено организирано со пригодна
приредба, а оваа година сите ученици добија и азбуки кои беа донација од
аптеките „Зегин“.
Низ игра и музика, учениците се дружеа и уживаа во овој
посебен ден.
Одговорен наставник: Билјана Христовска
Деца,
генијалци
(приредба
по повод детската недела - подрачно училиште Пинтија)
Децата се нашето најголемо
богатство, наша гордост и иднина. Светлина во очите и радост во душата.
Скокотка нивниот џагор и љубопитност. И како што и самите велат, додека
возрасните дисциплина и учење бараат, нив очињата за игра, лево и десно им
шараат.
Неделата на
детето е потсетување за нивните права и можности. По тој повод од 07.10.29019г. понеделник до 10.10.2019г. четврток се одржаа различни
активности посветени на детските права и задолженија под мотото „Имаме право на
среќно детство“. Последниот ден,
четвртокот, беше организирана свечена приредба на тема – Деца генијалци, за
прием на првачињата во детската организација. Сценариото и драматизацијата беа
подготвени од учениците од III-г одд. и нивниот одделенски
наставник Кети Сталеска, а учество земаа со свои кореографии, свирење на флејта
и презентирање на детските права и задолженија учениците од II, III, IV, V и VI одделение подготвени од нивните одделенски
наставници. На крајот од приредбата првачињата дадоа свечена заклетва и им беа
поделени подароци.
Одговорен наставник во подрачното училиште во
Пинтија: Кети Сталеска
Нема коментара:
Постави коментар