среда, 29. мај 2019.

ЧИТАЊЕТО Е СУПЕРМОЌ




                 На 27. и 28. мај 2019 година Институтот за педагогија на Филозофскиот факултет при УКИМ и издавачката куќа „Арс Ламина“ организираа бесплатна обука на тема „ЧИТАЊЕТО Е СУПЕРМОЌ - Развивање на читачките способности и вештини кај учениците“.
         Обуката ја реализираа: проф. д-р Јасмина Делчева - Диздаревиќ, д-р Анета Баркоска, проф. д-р. Елизабета Томовска - Илиевска, претставници од издавачката куќа „Арс Ламина“ и група практичари, кои говореа за значењето на читањето воопшто и за неговото влијание во образувањето и пред сè воспитувањето на децата од најмала возраст па сè до подоцнежните години. Се говореше и за мотивирањето на децата за читање преку различни форми и методи, а како еден од тие фактори беше истакнат и изборот на книгите и нивната содржинска но и визуелна привчечност и сл. На крајот беше поведена и дискусија помеѓу посетителите на обуката и предавачите.
     На обуката од нашето училиште присуствуваа одделенските и предметните наставници по македонски јазик, педагогот, библиотекарот и директорот за што, као и останатите посетители, добија соодветен сертификат за посетената обука.


Нема коментара:

Постави коментар