Св. Кирил и Св. Методиј Солунски се родени браќа од Солун
во IX век, од
угледно и богато византиско семејство, татко Лав и мајка Марија. Постариот
брат, Методиј, поминал десет години меѓу македонските Словени, а потоа се оддалечил на гората Олимп
и се предал
на монашки подвиг. Овде подоцна му се придружил и Кирил (Константин Филозоф).
Кирил и Методиј, познати како солунските
браќа просветители, имаат голема улога во словенската историја. Нивното дело ги описмени словенските
народи, станале мисионери на христијанството помеѓу Словените од Голема Моравија и Панонија.
Побожните родители ги упатиле своите рожби уште од
најраното детство во христијанството, трудејќи се да им помогнат да ги применуваат
возвишените христијански вистини во својот живот. Костантин уште од својата
младост се занимавал со списите на свети Григориј Назијанзин и на Дионисиј Аеропагитски.
Татко му го испратил во Цариград да го продолжи своето образование во императорското Магнаурско училиште, каде,
освен богословските науки, се
изучувале и граматика, аритметика, географија, астрономија, музика, поезија, реторика. Покрај овие науки, Константин учел и јазици - латински, еврејски и сириски. Откако го завршил своето високо
образование, Константин бил назначен за библиотекар при црквата Света Софија, а потоа бил
поставен за професор по филозофија во училиштето што го завршил. Тогаш го добил и
името Константин Филозоф.
Како високо образовени и талентирани личности на Кирил и
Методиј ќе им бидат доделувани многу тешки и одговорни задачи од страна на
византискиот двор со цел да ги христијанизираат Сарацените, Хазарите,
Моравските Словени, Бугарите, Русите и другите народи на исток и север
од Византија и да им ја наметнат византиската црковна власт.
На повик од царот Ростислав отишле во Моравија и таму
ја распространиле
и ја утврдиле православната вера, па ги умножиле книгите и им ги дале на свештениците за
да ја подучуваат младината. Подоцна на повик од папата заминале за Рим,
каде што Кирил се разболел и умрел на 14 февруари 869
година. Тогаш Методиј се вратил во Моравија и до смртта се потрудил на утврдувањето на
Христовата вера меѓу Словените. По неговата смрт на 6 април 885
година - неговите ученици Петочисленици, на чело со Свети Климент Охридски како епископ, го преминале Дунав
и пристигнаа во Белград. Началникот на Белград, ги испратил при царот Борис I. Свети Наум останал во главниот град на Бугарија и ги поставил основите на Преславската книжевна школа, а Климент е
испратен во областа Кутмичевица, на југ во Македонија, каде што од Охрид
продолжил
да работи меѓу Словените на истото дело што го започнале Методиј и Кирил на
север.
Преку нивната работа тие влијаеле врз културниот развој на
сите Словени, поради што ја добиле титулата Апостоли на
Словените. Тие се заслужни за изумување на глаголицата, првата азбука искористена да се препише старословенскиот јазик. По нивната смрт, нивните ученици ја
продолжуваат нивната работа и дејност помеѓу Словените. Двајцата браќа се
почитувани во Источната
православна црква како светци со титулата Еднакви со
Апостолите. Во 1880, Папата Лав XIII ја вовел нивната слава во
календарот на Римокатоличката црква. Во 1980, Јован Павле Втори ги прогласил за созаштитници
на Европа, заедно со Бенедикт Нурсијски.
Подготвил :
Никола Станковиќ - училишен библиотекар
Во чест на големите Кирил и Методиј, а во склоп на училишните активности, денес 23.05.2019
г. во четвртите одделенија беше
реализирана активност на тема: ,,Твориме во чест на браќата
Кирил и Методиј“. Учениците предводени од одделенскиот наставник Татјана
Трпеска со свои трудови помогнаа за реализирање на активноста, како на пример:
исечоци од дневни списанија, обработени текстови, пишани литературни
творби, слики од интернет, извадоци од википедија и сл. Истите беа претходно
селектирани и презентирани пред останатите ученици и одговорниот наставник.
Така подготвените собрани материјали беа изложени на училишното пано во холот
на нашето училиште. На овој начин учениците дадоа свој придонес за
одбележувањето на овој светол, мајски, празничен ден.
Одделенски наставник Татјана Трпеска
Нема коментара:
Постави коментар