Соогласно
Годишната програма за организирање посети во петто одделение, со учениците од V-а, V-б и V-г беше
реализирана посета на Собранието на Република Македонија. Учениците во придружба на нивните наставнички: Весна
Милановска, Мануела Маркоска и Даниела Костадинова со организиран превоз го
посетија Законодавниот дом. Таму под водство на нивниот водич, г-ѓа Соња
Стаменковска имаа можност да ги разгледаат просториите за прием на гости - делегации
од други држави, прес салата на Собранието, спомен собата на АСНОМ, како и
салата во која се оддржуваат состаноци, дебати и комисии. При посетата кај учениците се
поттикна љубопитноста и во секоја просторија поставуваа интересни прашања
поврзани со содржините кои ги учеа на часот по општество. Учениците имаа
можност да му постават прашања на пратеникот
Далибор Богдановски кој трпеливо
и целосно им одговори на сите заинтересирани ученици. Со желба за успешна Нова
година и професионални успеси на сите пратеници и вработените во Собранието ја
завршивме посетата. Најинтересно на оваа посета беше тоа што кај многу ученици се
јави желбата во иднина да станат пратеници.
Нема коментара:
Постави коментар