среда, 26. децембар 2018.

Интерактивна работиница „Скршеното срце“

Во текот на првото полугодие од учебната 2018/2019 година  училишниот педагог во сите петти одделенија  реализираше интерактивна работиница „Скршеното срце“.
Цели на рботилницата:
·         Да се развива емпатија кај учениците;
·         Да им се јакне самодовербата;
·         Да се согледа значењето на упатување на позитивни пораки.
Учениците активно учествуваа во работилницата, а на крајот преку рефлексија од работата на работилницата се извлекоа корисни постапки кои треба да ги применуваат во секојдневниот живот.



Р А Б О Т И Л Н И Ц А  „Јоно Око и Хаи

Сите луѓе имаат тенденција и навика да генерализираат, воопштуваат и да изведуваат заклучоци за особини, карактеристики на одредени групи  врз основа на искуството со еден или неколку припадници на групите. Таквите генерализации најчесто се базираат врз делумни и непроверени информации за групата, а се однесуваат на сите припадници на групата.
Со цел учениците да воочат како ограничувањата водат кон создавање  предрасуди и стереотипи училишниот педагог со учениците од осмите одделенија  реализираше работилницата „Јоно Око и Хаи“. Работиницата има  интерактивен карактер и групна форма на работа.
На крајот од работилницата преку дискусија со учениците се извлече заклучок дека НЕОПХОДНО Е ДА СЕ ПОЗНАВА КОНТЕКСОТ ВО КОЈ ЛУЃЕТО ДЕЛУВААТ ЗА ДА ГИ ФОРМИРАМЕ СУДОВИТЕ.

Педагог Весна Рафеска


ТЕХНИКИ ЗА УСПЕШНО УЧЕЊЕ

Согласно годишното планирање на училишниот педагог во текот на месец октомври 2018 во  шестите одделенија во централното  и подрачното училиште беа реализирани по две работилници со презентација на тема „Техники за успешно учење“. Работилниците имаат интерактивен карактер, а крајот од работиницата секој ученик добива флаер со содржина од презентацијата.
         Цел на работилницата: кај учениците да се развијат вештини за самостојно учење, да умеат да го препознаат сопствениот начин/стил на учење и „да научат како да учат“.

                                                                                             Училишен педагог:  Весна Рафеска


   Во рамките на планираните активности на Стручните активи во училиштето беше реализирана  презентација од страна на училишниот педагог на тема „Иновативни и креативни техники на учење“. Презентацијата ги содржеше следните техники: Инстант креатива, 5 Зошто, Киплинг прашања, Ако-тогаш, Шест шешири на Боно,  Дневник во две колони.
ЦЕЛИ:
·                               Да им помогнеме на учениците да бидат активни во наставата;
·               Му даваат повратна информација на наставникот за разбирањата на ученикот и усвојувањето на наставните содржини;
·        Го поттикнуваат истражувањето, ставовите и вредностите на учениците во усвојувањето на новите наставни содржини.
·         Учениците да научат ефикасно да учат и критички да размислуваат;
·         Учениците самостојно и од различни аспекти ги разгледуваат информациите и оформуваат свое мислење.
·         Со овие техники на учење кој се дел од современата настава, учениците се активни субјекти, а наставникот потикнувач и насочувач.
Со Активот на јазичната група и природно математичката група се реализираше на  27.03.2017 г., а со Активот на одделенска настава на 30.03.2017 г. Присуствуваа поголем број на наставници и се произнесоа дека техниките можат да се применуваат при процесот на поучување на учениците. 
                                                                   Училишен педагог:  Весна Рафеска






Интерен проект „Училиште без насилство“
Секоја учебна година во нашето училиште се реализира интерен проект насловен како „Училиште без насилство“. Проектот се реализира со ученици од шесто одделение. Целта на проектот е учениците да умеаат да го препознаат насилничкото однесување, да се стекнат со вештини за ненасилно однесување и решавање на конфликти.

Проектот се реализира низ повеќе работилници. Во првото полугодие се реализираа работилници со презентација за врсничкото насилство „Булиг“, и беа обработени следните теми: Што е насилничко однесување, Видови насилничко однесување, Знаци на оној кој е подлежен на насилничко однесување и Стратегии против насилничко однесување.Во текот на второто полугодие ќе се реализираат работилници каде низ практични вежби ќе се стекнуваат вештини и знаења за разрешување на конфликти. Проктот го реализира педагогот на училиштето Весна Рафеска.


Нема коментара:

Постави коментар