петак, 21. децембар 2018.

Посета на детскиот дом „11 Октомври“

        Во рамки на училишниот проект „Убавините на различностите“ во нашето училиште од страна на дефектологот Адријана Кукоска и предметниот наставник Горан Петковиќ се реализираше хуманитарна акција која траеше од 10.12.2018 г. до 19.12.2018 г. за собирање на средства од кои се купија новогодишни пакетчиња за штитениците од детскиот дом „11 Октомври“.
       На 20.12.2018 година учениците од 8 и 9 одделение со училишниот дефектолог го посетија домот, се дружеа со децата и подарија новогодишна слика, збирка „Убавините на различностите“ и новогодишни пакетчиња за секој штитеник од домот.
      Како благодарност за хуманиот гест и донација нашето училиште доби  Благодарница од директорот на детскиот дом.

Дефектолог - Адријана Кукоска



Нема коментара:

Постави коментар