четвртак, 20. септембар 2018.

„Јас внимавам“ - Кампања на компанијата OKTA

                       Компанијата ОКТА во почетокот на оваа учебна година реализира акција за доделување рефлектирачки приврзоци на сите првачиња во Скопје како дел од кампањата „Јас внимавам“.  Беа донирани 7.000 приврзоци во форма на мечиња во 76 училишта меѓу кои беше опфатено и нашето училиште.
          Целта на носењето на овие приврзоци е децата да бидат полесно видливи и побезбедни кога се пешаци или велосипедисти, особено ноќно време. Мечињата треба да се прикачат на видливо место на облеката, училишниот ранец или на велосипедот на детето. Кога ќе се осветлат од фаровите на возилата, тие се лесно забележливи. Носењето рефлектирачки елементи ноќно време за пет пати ја зголемува видливоста на пешаците и за осум пати ја намалува опасноста од сообраќајна несреќа. Носењето рефлектирачки елементи е сè почеста пракса во голем број европски земји.

       Националната кампања „Јас внимавам“ на компанијата ОКТА за своите реализирани активности насочени кон едукација на граѓаните за безбедност во сообраќајот во 2017 година ја доби наградата „НАЈДОБРА НАЦИОНАЛНА ОПШТЕСТВЕНО ОДГОВОРНА ПРАКТИКА“ во категоријата вложување во заедницата кај големите компании.


Нема коментара:

Постави коментар