На покана од МТВ и Редакцијата за
образовна програма, поточно Радмила
Гиевска, со задоволство позитивно одговоривме и веднаш ја прифативме понудената соработка за снимање на емисија по повод почетокот на новата учебна 2018/19
година.
По информирањето на директорката на
училиштето, Елизабета Славковска и даденото зелено светло, се премина кон подготовки за
реализациjа на оваа емисија.
По извршената консултативна средба и изнесеното
барање од страна на Радмила Гиевска се договоривме и заеднички
напишавме сценарио.
Одделенските наставници Мануела Маркоска и Виолета
Николин, формираа тимови од ученици од V-б и IV-в за
реализација на подготвеното сценарио на тема: ,,И јас сакам да бидам ѕвезда“.
Снимањето
се реализираше на 03.09.2018год, со големо задоволство на учениците, но и на тимот од МТВ. Успешно заврши при
што учениците се стекнаа со уште едно
позитивно искуство. И остана
желбата за уште една повторна соработка
Одд.наставници:
Мануела Маркоска
Виолета Николин
Нема коментара:
Постави коментар